План за исхрана: Ден 2 - За ручек азиска пилешка супа, за вечера полнети печурки

den-2-001.jpg

Ден 2.

Појадок: Здрава овесна каша

Порција овесни снегулки подготвени со 250 g Balans+ и прелиена со 15 g сечкани ореви, 1 лажица суво грозје и половина лажичка цимет, 1 шолја црно кафе и еден свежо цеден сок од портокал

Ручек: Азиска пилешка супа

Во тенџере на средна температура згответе половина литар супа од зеленчук, 100 g  тестенини од хељда, 85 g ситно исечкано варено пилешко месо , половина главица крупно сечкан кромид и пола лажичка мелен лук. 1 шолја зелен чај+ѓумбир.

Вечера: Полнети печурки со младо кромитче и маслинки

Десетина поголеми шампињони, младо кромитче, 3-4 зелени маслинки, белка од 1 јајце, 1 лажица маслиново масло, малку сол и црн бибер. Се вади дршката од печурките, се сечка ситно со маслинките и кромидот се пропржува. Белката се мати настрана со зачини по желба и се соединува смесата и така заедно се полнат печурките. Полнетите шампињони се печат 15-20 минути во загреана рерна на температура од 200 степени.

Кликнете ТУКА за општите правила и насоки во врска со овој план на исхрана.

Кликнете ТУКА за ден 1 од исхраната.

АвторАлександра Пренџова
Дипл. нутриционист и технолог по исхрана