Баунти колачи: Десерт готов за 10 минути

Баунти чоколадите се познати по вкусот во кој уживаат сите љубители на комбинацијата од кокос и чоколадо. За да не излегувате до продавница додека е жешко, истите може да си ги подготвите дома, за само 10 минути.

baunti-kolaci-desert-gotov-za-10-minuti-01

Потребни состојки:

  • 200 ml млеко
  • 150 g кокос
  • 400 g шеќер
  • 400 g чоколадо

Подготовка:

Во еден сад сипете млеко и додајте ги кокосот и шеќерот, па мешајте додека не добиете густа кремаста маса.

Смесата сипете ја во калапчиња или во коцкаст сад и ставете ја во фрижидер додека целосно не се излади и зацврсти. Откако ќе биде стврдната извадете ја од калапот и исечете ја на парчиња.

Едно по едно од парчињата прелијте го со стопено чоколадо и вратете го во фрижидер за да се стврдне чоколадото.

Почекајте малку време и уживајте во неодоливиот вкус.

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg