Џем од кајсии - Брз рецепт кој го обожава секоја палачинка

Вкусниот џем од кајсии е одличен додаток на летни слатки, лесно се мачка на утринското парче леб, а може и да се послужи како прелив на омилениот сладолед.

dzem-od-kajsii-brz-recept-koj-go-obozava-sekoja-palacinka-01.jpg

Затоа, подгответе сочен џем во само 3 чекори и уживајте во вкусот на летото.

Состојки:

  • 1,5kg свежи кајсии
  • 1kg шеќер
  • 200ml сок од јаболка
  • 1 поголем лимон
  • Парче путер

Подготовка:

1 чекор: Измијте ги кајсиите и исчистете ги семките. Исечкајте ги на парчиња, ставете ги во голем лонец и додајте го сокот. Варете додека смесата не зоврие, а потоа намалете ја температурата и оставете ја смесата уште 10 минути додека кајсиите не омекнат.

2 чекор: Во смесата додајте шеќер и сок од 1 лимон, па промешајте. Оставете да се вари на умерена температура уште 20 минути.

3 чекор: Тргнете го лонецот од оганот, па во жешкиот џем додајте го парчето путер, добро промешајте и оставете ја смесата малку да се олади (10-15 минути.) Така подготвениот џем петурете го во топли тегли, поклопете ги и оставете ги на темно и студено место.

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg