Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Слатка зимница: Желе од јаболка

Ароматичното желе од јаболка е совршен додаток за сите колачиња кои ќе ги печете оваа есен, а дури и да не стигнете нешто да замесите, одлично ќе ви дојде намачкано на крцкаво лепче.

slatka-zimnica-zele-od-jabolka-01.jpg

Подготовката е брза и едноставна, а сега е идеалното време кога треба да ја испробате.

Состојки:

  • 3kg кисели јаболка
  • 200g шеќер
  • 4 стапчиња цимет
  • 5 каранфилчиња
  • Сок од 1 лимон
  • 2kg шеќер за желирање или желатин

Подготовка:

Измијте ги јаболката, исечете ги на четвртини и добро исчистете ги.

Ставете ги во лонец со 1/8l вода и шеќерот, па варете отприлика 8-10 минути. Исцедете ја смесата низ газа.

Сокот од јаболка варете го со зачините, лимоновиот сок и шеќерот за желирање околу 2 минути.

Исцедете и претурете во тегли. Ако сакате, исечкајте неколку парченца од сварените јаболка, па потоа добро затворете ги теглите.

Чувајте ги на студено и темно место.

slatka-zimnica-zele-od-jabolka-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...
Зимски колач со јаболка и сладолед - се топи во уста Ако еднаш го пробате овој колач, ќе го подготвувате и за себе и за кога ќе ви се...
Совршен пролетен десерт - црвени палачинки со маскарпоне и овошје Слаткиот вкус на палачинките во комбинација со свежото овошје, истовремено и ќе ...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg