Рецепт на денот: Маринирани печурки
Овие печурки можете да ги послужите како предјадење, салата или мезе со бело вино. Вкусни се и лесни за подготовка.
Потребни состојки:
- 120ml маслиново масло
- 3 лажици сок од лимон или оцет
- Вегета
- 400g шампињони
- 1 лажичка мајчина душица
- ½ лажичка рузмарин
- ½ лажичка оригано
- 1 лажичка коријандер во прав
- 3 чешниња лук
- Сол
- Бибер
Подготовка:
Загрејте го маслото во подлабок сад, потоа додадете ги претходно измиените шампињони.
На шампињоните додадете ги сокот од лимон и другите зачини.
Пржете околу 15-на минути додека шампињоните не омекнат.
-->
-->
Кога шампињоните ќе бидат готови, истурете ги во поголем сад (заедно со маслото) и покријте ги со фолија.
-->
Вака оставете ги барем 2 часа во фрижидер. Сервирајте ги со бело вино, како предјадење или мезе.
Добар апетит!
Автор: М.A. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Италијански рецепт за овошно џелато – совршено освежување во летните денови
Италија е позната по богатата историја, вкусната храна и секако највкусното џела...

Крцкави печени лепчиња со путер и лук
Ова јадење можете да го направите за појадок или вечера - ќе го обожава целото с...

Кремаста салата со крцкави компири и сланина
Не сте љубител на мајонез и се нервирате кога ќе ве послужат со сочна салата во ...

Рецепт за здрав протеински леб со овесни снегулки и семиња
Ако сакате да се храните здраво тоа не значи дека по секоја цена треба да го исф...

Сникерс чизкејк – совршен летен десерт што не се пече
Овој десерт брзо ќе ви стане омилен ако сте љубители на Сникерс чоколатца. Ако н...

Протеински појадок за енергетски почеток на денот
Омлет со неколку видови зеленчук и фета сирење е одличен избор за да го почнете ...