Сочно уживање: Ролат од багет, кашкавал и сланина
Ви се пријаде нешто калорично, а немате желба за готвење и поминување драгоцено време во кујната? Ова е совршениот рецепт за вас.
Сосема едноставен, од само неколку основни состојки ова е рецептот со кој во никој случај не можете да погрешите.
Заборавете на нарачувањето пица и покажете ги вашите кулинарски способности така што ќе ги изненадите родителите со овој интересен рецепт.
Потребни состојки:
- 1 багет
- 1 чаша чедар кашкавал
- 1/2 чаша путер, омекнат
- 1/3 чаша пропржена сланина
- 2 средни парчиња кромид, исецкан
- 2 лажички сенф
- 1 лажичка сок од лимон
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 350 степени. Расечете го багетот по должина, водејќи сметка да не ги исечете целосно краевите.
Измешајте ги заедно кашкавалот, путерот, сланината, кромидот, сенфот и сокот од лимон.
Распоредете ја смесата низ целиот багет и на крај завиткајте го багетот во фолија.
Печете 10 -15 минути или додека не забележите дека кашкавалот е растопен.
М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





