Brigadeiro (што во превод од португалски значи Бригадир) е традиционален сладок бразилски деликатес создаден во 1940 година. Во неговиот состав влегува кондензирано млеко, чоколадо и путер, како и чоко-мрвички со кои е обложен овој неверојатно вкусен раскошен десерт. Овој џиновски „бригадир“ може да заслади дури 15 луѓе. Сите состојки се лесно достапни, се прави неверојатно лесно и брзо, а ќе посакате некое лажиче повеќе...