8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно

Риба

Кога се пржи или пече рибата, жешкото масло или топлината ги убиваат бактериите.

Но, кога ја миете рибата, многу од бактериите се префрлаат на ножот, на штицата за чистење, дури и на нашите раце.

Токму затоа е важно откако ќе ја исчистите рибата, веднаш да ги измиете и рацете, но и сите предмети што сте ги користеле додека сте ја чистеле.

8-produkti-koi-najchesto-gi-mieme-pogreshno-06.jpg

Зелка

Зелката, карфиолот и брокулата мора да ги измиете внимателно пред да ги консумирате или готвите.

Кај брокулите и карфиолот наједноставно е да ги поделите на „цветчиња“ и внимателно да ги измиете, едно по едно.

Но, црвената зелка е многу покомплицирана. Пред да ја миете, мора да ги тргнете горните 2-3 листа, бидејќи на нив може да се задржани прашина или земја.

Потоа можете да ја ставите неколку минути во вода во која сте ставиле малку вински оцет за да ги убиете бактериите и инсектите кои можеби се наоѓаат внатре. Дури потоа измијте ја под млаз вода.

8-produkti-koi-najchesto-gi-mieme-pogreshno-07.jpg

Лименки

Ако сакате да пиете сок или алкохол од лименка, најпрво мора да ја измиете.

Не ја ставајте устата врз алуминиумот, бидејќи не знаете какви сè бактерии може да има врз лименката или кој ја допирал со рацете.

Ако не можете да ја измиете во моментот, можете да ја избришете со влажно марамче.

8-produkti-koi-najchesto-gi-mieme-pogreshno-05.jpg

Јаболка

Јаболката не е доволно само да ги измиете под млаз вода, напротив, треба да ги оставите да отстојат 12 минути во вода со сода бикарбона, а дури потоа да ги ставите под млаз.

На овој начин ќе се ослободите од пестицидите (доколку се јаболката прскани).

8-produkti-koi-najchesto-gi-mieme-pogreshno-02.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg