Храна која ја подмладува вашата кожа и треба почесто да ја консумирате

Боровинки

Доколку сакате да имате мазна и нежна кожа, слободно повикајте ги боровинките „на помош“. Овие превкусни плодови содржат силни антиоксиданти кои ги лечат акните, ја чуваат кожата од нападите на слободните радикали и ја постигнуваат потребната рамнотежа на кожата кога таа е масна.

И тоа не е сѐ, бидејќи боровинките исто така се многу корисни при намалување на досадните брчки околу усните и очите.

hrana-koja-ja-podmladuva-vashata-kozha-i-treba-pochesto-da-ja-konsumirate-06.jpg

Јаболка

Вистината е дека не можете да го запрете времето и да го спречите стареењето, но сепак, она што можете да го направите е да го забавите процесот на стареење грижејќи се за вашата кожа да изгледа беспрекорно и сјајно.

Јаболката изобилуваат со многубројни хранливи состојки кои го задржуваат младиот изглед на кожата, а воедно го чуваат и вашето целокупно здравје.

Можете да си направите домашна маска за лице или едноставно започнете го денот на здрав начин и изедете едно јаболко.

hrana-koja-ja-podmladuva-vashata-kozha-i-treba-pochesto-da-ja-konsumirate-07.jpg

Чоколадо

За беспрекорен и млад изглед на кожата на помош доаѓа и чоколадото. Моќните антиоксиданти кои се наоѓаат во црното чоколадо го забавуваат процесот на стареење на кожата и истовремено ја штитат од штетното влијание на сончевите зраци, а со тоа превентивно влијаат на појавата на брчки и промената на бојата на кожата.

Консумирајте редовно црно чоколадо, направете си домашна маска или пилинг, воедно уживајќи и грижејќи се за својата кожа. 

hrana-koja-ja-podmladuva-vashata-kozha-i-treba-pochesto-da-ja-konsumirate-08.jpeg

Цвекло

Цвеклото е дар од природата и одличен еликсир за убавина, а тоа не е ни малку случајно. Редовното конзумирање на цвекло и сок од цвекло му ги овозможува на организмот потребните хранливи состојки, а кожата ја прави блескава и сјајна.

Благодарение на своите антивоспалителни својства, цвеклото ги лекува воспаленијата на кожата, ја прочистува крвта и ги отстранува токсините од вашето тело.

Нанесувањето на сок од цвекло врз лицето, помага во отстранување на мртвите клетки, давајќи ѝ мекост и сјај на вашата кожа. 

hrana-koja-ja-podmladuva-vashata-kozha-i-treba-pochesto-da-ja-konsumirate-09.jpg

Тиква

Како и горенаведените дарови од природата, така и тиквата има огромен број на здравствени придобивки, како за кожата, така и за целокупното здравје.

Тиквите имаат антивоспалително дејство и помагаат при воспаленија, а според најновите истражувања помагаат и при справување со стресот.

Она што е од важност за нега на кожата е тоа што тиквата содржи високо ниво на витамин Ц и го стимулира производството на колаген, што ја прави кожата сјајна и еластична.

Исто така, го спречува предвременото стареење на кожата и е упорен борец против кардиоваскуларните болести. 

hrana-koja-ja-podmladuva-vashata-kozha-i-treba-pochesto-da-ja-konsumirate-10.jpg

 Б. К. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зошто не треба повторно да ја користите кремата за заштита од сонце од минатата година? Tоплите зраци на сонцето нè поттикнуваат да се препуштиме на активности на отвор...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg