Загорени тенџериња, сечкање кромид: 9 познати вирални кујнски трикови – кои се корисни, кои не?

Сечење кромид со нож за лупење

Ако не сте многу искусни со нож, можете да го исечете кромидот со нож за лупење.

Парчињата нема да бидат совршени како со нож за сечење, но во повеќето случаи ова не би требало да биде проблем.

Единствениот проблем кај овој трик е тоа што кромидот ќе ослободи повеќе течност додека го сечете.

viralni-kujnski-trikovi-shto-gi-gledame-nasekade-koi-od-niv-se-efikasni-a-koi-ne-07.jpg

Цедење тестенини

Наместо да ги ставате тестенините во цедалката, немојте да ги вадите од тенџерето и само ставете ја цедалката на отворот, како на фотографиите подолу.

Овој трик е всушснот и поефикасен од вообичаеното цедење.

viralni-kujnski-trikovi-shto-gi-gledame-nasekade-koi-od-niv-se-efikasni-a-koi-ne-08.jpg

Спречете го протекувањето на тенџерето со дрвена лажица

На социјалните мрежи се појавија безброј видеа со овој трик, но кога ќе размислите, ќе сфатите дека нема никаква логика.

Идејата е дека можете да го спречите протекувањето на водата од тенџерето ако ставите дрвена лажица на отворот. Но, ова нема да го спречи протекувањето.

За да го избегнете овој проблем, намалете ја ринглата или не го преполнувајте тенџерето.

viralni-kujnski-trikovi-shto-gi-gledame-nasekade-koi-od-niv-se-efikasni-a-koi-ne-09.jpg

Сечење пиперки

Наместо прво да ги отстранувате семките, а потоа да ја сечете пиперката, овој трик ќе ви помогне да завршите побрзо.

Едноставно, треба да отсекувате делови од пиперката и на крај ќе ви останат само семките.

viralni-kujnski-trikovi-shto-gi-gledame-nasekade-koi-od-niv-se-efikasni-a-koi-ne-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg