„Би рекла дека секоја планинарска патека е погодна за деца, со тоа што целта не мора да е секогаш врвот. И нешто што е многу важно, е тоа дека децата имаат многу енергија, повеќе од нас, само треба малку да им направиме да им е интересно за време на пешачењето, бидејќи знаат да изгубат интерес и да им стане здодевно, па тогаш велат дека се уморни“, вели Ирена, која заедно со сопругот Бојан нивните две деца Ева (12) и Андреја (9) и нивното куче Марфи, секој слободен миг го користи за истражување на македонските планини. „Турни ме да кинисам“ е нивното мото...