Анета Павловска, тениски судија: „Судев на Wimbledon, Новак секогаш нè поздравува, но забранета ни е дружба со тенисерите“

Низ сите овие години, има ли некоја анегдота која сакаш да ја раскажуваш?

Анегдоти и случки има точно колку за една книга.

Оваа работа секојдневно ми покажува колку е светот мал и колку е бесценето да имаш пријатели од секаде и насекаде.

Сум тргнала на турнир кон Париз со камион. Сум сретнала колега во 3 часот сабајле во автобус среде Истанбул кога јас се враќав од Доха, а тој од Мексико.

Во купе од воз за Словенија под седиштето открив скриен патник. И многу, многу други луди авантури.  

107093555_3174996635912995_5741553905044847815_n.jpg

Кога си на турнир, колку време имаш за туристички прошетки по градовите?

Нормално еден турнир трае 9 дена. Доколку немам ангажман пред или потоа, особено ако одам на некое ново место, си оставам ден-два за прошетка и за запознавање на местото.

Обично ништо немам планирано ни истражувано претходно и најчесто се ослонувам на препораките од локалните судии-колеги.

aneta-despotoska-teniski-sudija-28.jpg

А скоро никогаш не заминувам без да посетам некој rooftop бар, да пробам локален специјалитет и да слушнам некоја приказна од локалците.

Меѓу местата кои секој што има можност мора да ги посети би ги издвоила Јапонија поради еден нов свет, Португалија поради среќата на луѓето, Швајцарија поради прекрасната природа.

aneta-despotoska-teniski-sudija-16.jpg

Татко ти е поранешен тенисер и имате свој тениски клуб во Битола... Дали некогаш работиш со младите тенисери како тренер?

Татко ми Златко е неуморен ентузијаст кој цел свој живот е посветен на тенисот и младите луѓе.

Тенискиот клуб Битола го работи веќе 45 години и неговата слободоумност, упорност и храброст се моја инспирација, бидејќи тој е човек кој никогаш не се откажал од своите соништа.

Морам да додадам дека доколку не беше мајка ми Мирјана, која на сите ни е голема потпора и поддршка, никој од нас тројцата (татко ми, брат ми и јас) веројатно не би биле она што сме денес. 

Кога сум дома во Битола знам да влезам на терен и одржам некој час со најмалите за да наполнам батерии и се присетам на моите почетоци во тенисот.

aneta-despotoska-teniski-sudija-18.jpg

Препознаваш ли во некое од тие деца иден квалитетен тенисер?

Пред сѐ, во децата прво ја гледам желбата да истрчаат на терен.

Доколку детето сака да доаѓа, моја задача освен основите на тенисот, е да му ја разгорам желбата за спортот, дружењето и натпреварувањето.

Сите деца си се талентирани за одреден спорт, само треба тоа да се препознае и потоа многу напорно да се тренира.

aneta-despotoska-teniski-sudija-27.jpg

Зошто, според тебе, Македонија нема многу млади, но и успешни тенисери надвор - немаме добри услови за развој на овој спорт, или поголемо влијание има фактот што се работи за скап спорт, особено затоа што мора да се патува многу?

Македонија има млади и талентирани луѓе.

Со мали системски промени кои веќе започнаа со самото тоа што се организираат повеќе турнири од повисоки категории во Македонија, верувам дека на младите тенисери/ки ќе им биде поголема мотивацијата да тренираат и да се натпреваруваат.

Исто се надевам дека спортот ќе стане и поатрактивен за државата и големите компании ќе инвестираат и спонзорираат за да се подобрат условите за овој спорт, а со тоа ќе помогнат и во градењето на силна и здрава младина. 

Кога во соседството имаме толку многу сјајни играчи кај кои условите се не многу поразлични од нашите, зошто да не се може и од Македонија?

aneta-despotoska-teniski-sudija-32.jpg

Кој ти е следниот предизвик или голема професионална желба што сакаш да ти се исполни?

По Параолимпијадата во Рио, Олимпијадата во Токио, финалињата на Roland-Garros и излегувањето на централен терен на Wimbledon, следен предизвик ми е тоа поради кое и почнав да судам – US Open и Arthur Ashe, најголемиот централен терен на светот.

aneta-despotoska-teniski-sudija-31.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Јасмина Цветковска 9 години живее во Сиднеј: „Како инженер лесно најдов работа, но проблем се скапит... „Дипломите од природните науки, машинските струки, архитектура, електро-инженерс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg