Првиот сопруг на Наташа Беквалац објави нејзини голи фотки, го обвинуваа за афери и јавно кажа: „Ми олесни откако се разведовме“
- Детали
- понеделник, 16 октомври 2023
Тврдеа дека додека бил во болница тој имал афера со медицинска сестра, а неа ја поврзуваа со Новак Ѓоковиќ. Потоа, се појавија разголените фотки на Наташа од медениот месец... Првиот сопруг на Наташа Беквалац, Данило Икодиновиќ, во гостување во емисија рече дека по разводот со неа почувствувал само олеснување и дека нивниот брак долго време бил разнишан.
Ватерполистот Данило Икодиновиќ беше првиот сопруг на српската пејачка Наташа Беквалац со кого таа ја доби првата ќерка Хана, а тој, пред извесно време гостувајќи во емисијата на Милан Калиниќ, „Преживели“ си ја отвори душата и по 15 години отворено раскажа како се чувствувал по несреќата и разводот со неа.
Данило пред 15 години имаше тешка сообраќајна несреќа со мотоцикл, по што повеќе месеци се бореше за сопствениот живот, а набрзо потоа следеше и разводот со Наташа.
Тој се осврна на сообраќајната незгода, па раскажа:
„Првата ќерка, Андреа, сега има 20 години. Со двете ќерки сум во одлични односи, иако не живеам со нивните мајки.
Андреа сѐ уште немаше полни 7 години кога ја доживеав несреќата, а Хана имаше само 1 година. Седнав пијан на мотоциклот, имав 1,70 промила алкохол во крвта. Сакав да се опуштам малку пред првенството.
Не знам како би живеел со тоа, не дај Боже, да се случеше да убијам некого.
Сѐ си направив сам на себе, претекнав цела колона, кога паднав од мотоциклот почна да врне силен дожд... Пред судот реков дека целата вина е моја. Воопшто не ни закочив“ – раскажува тој и додава дека го спасило само тоа што бил во одлична физичка форма и тоа што специјално за него биле носени лекови од странство.
фото: YouTube - принтскрин
Истовремено, пред да се случи несреќата за Наташа постоеја гласини дека има афери со поранешниот дечко, бизнисменот Миодраг Костиќ, како и со тенисерот Новак Ѓоковиќ, но во друга пригода Данило рече дека ѝ верувал на сопругата и знаел дека таа не ги демантира гласините затоа што смета дека на тој начин всушност признава дека го изневерила.