„Сакам уште внучиња, но треба да почекам“: Тончи Хуљиќ по гласните дека ќерка му Хана повторно е бремена
- Детали
- среда, 06 декември 2023
Низ хрватските медиуми брзо се прошири веста дека Петар Грашо повторно ќе стане татко и дека неговата сопруга Хана Хуљиќ повторно е бремена, а по тој повод се огласи и Тончи Хуљиќ, откривајќи дека гласините не се точни, но дека би сакал уште внуци.
Додека низ хрватските медиуми кружат вести дека само 18 месеци откако ја добија ќеркичката Алба, Петар Грашо и Хана Хуљиќ очекуваат второ дете, таткото на хрватската пејачка Тончи Хуљиќ се огласи и кажа што мисли за пишувањата.
На шеговит начин и во свој стил, Тончи кажа дека му е голема желба да добијат нов член во семејството, но дека засега Хана не е бремена.
„Јас би сакал уште внучиња. Што се однесува до мене, тоа би било супер, но никој околу мене не е во блажена состојба.
Секојпат велам дека би сакал уште внучиња покрај Алба. Засега ги нема, но ќе биде“ – вели тој, а пренесува 24sata.hr.
фото: Инстаграм
Инаку, Тончи рече дека е пресреќен што нивната внука празниците ќе ги помине со нив, а откри дека живеат мошне блиску до Петар и Хана, па речиси целото време го поминуваат заедно.
„Куќите ни се на 300 метра оддалеченост, па затоа Грашо и Хана се често кај нас, како и ние кај нив“ – рече тој и додаде дека со Петар се во одлични односи во последните 26 години.
фото: Инстаграм
За потсетување, Хана и Петар се венчаа во февруари минатата година, додека Хана беше бремена, а само неколку месеци подоцна ја добија ќерката Алба.
Петар рече дека одлично се снаоѓа со татковството и дека е тука за да помогне во текот на денот, но дека во вечерните часови грижата за ќеркичката е во рацете на сопругата.
фото: Инстаграм
Б. С. Б. | Црнобело