„Сликај го моето дете, сакам сите да ја видат болката“ – Фотографот раскажува како настанала сликата што е симбол на тагата во Турција

„Бев толку тажен додека ги правев фотографиите и повторував: ‘каква болка’. Не можев да ги задржам солзите, посебно кога таткото ми се обрати“ – раскажува фотографот Адем Алтан кој ги направи фотографиите од таткото кој ја држи раката на својата мртва ќерка, коишто станаа симбол на болката во Турција.

slikaj-go-moeto-dete-sakam-site-da-ja-vidat-bolkata-fotografot-raskazhuva-kako-nastanala-slikata-shto-e-simbol-na-bolkata-vo-turcij-01.jpg

Татко кој без престан гледа во далечината и не сака да ја пушти раката на безживотното тело на својата ќерка, столчена под бетонот од зградата која претходно била нивен дом.

Станот кој треба да биде безбедно место и да понуди заштита, му го одзема најмилото – нему и на илјадници други луѓе во Турција што ги загубија своите најсакани во земјотресот што ја зафати земјата.

Додека постојано се споделуваат видеа што ја враќаат надежта кај некои од луѓето дека сѐ уште има преживеани , сликата на Месут Хансер кој ја држи раката на својата 15-годишна ќерка Ирмак стана симбол на тагата и очајот што владее во Турција по катастрофалниот земјотрес што ја зафати земјата.

slikaj-go-moeto-dete-sakam-site-da-ja-vidat-bolkata-fotografot-raskazhuva-kako-nastanala-slikata-shto-e-simbol-na-bolkata-vo-turcija-03.jpg

Фотографиите се дело на фотографот Адем Алтан на AFP кој за светските медиуми раскажува што се случувало во мигот кога ги направил фотографиите.

slikaj-go-moeto-dete-sakam-site-da-ja-vidat-bolkata-fotografot-raskazhuva-kako-nastanala-slikata-shto-e-simbol-na-bolkata-vo-turcija-02.jpg

Како што вели, во мигот кога стигнал на местото на настанот сѐ уште немало спасувачки тимови, а преживеаните очајно со голи раце копале низ урнатините за да ги најдат саканите.

slikaj-go-moeto-dete-sakam-site-da-ja-vidat-bolkata-fotografot-raskazhuva-kako-nastanala-slikata-shto-e-simbol-na-bolkata-vo-turcija-04.jpg

На местото имало расфрлани душеци од кревети, искината облека и расфрланите играчки само наговестувале дека некогаш имало живот на тоа место, но фотографот не можел да ги тргне очите од таткото кој стоел мирно и во себе тагувал за својата ќерка.

Фотографот сакал прво оддалеку да ја фотографира сцената, на оддалеченост од околу 60 метри, но наместо да го избрка, таткото собрал сила и го викнал.

„Фотографирај го моето дете“ – му рекол со тивок глас таткото на фотографот.

slikaj-go-moeto-dete-sakam-site-da-ja-vidat-bolkata-fotografot-raskazhuva-kako-nastanala-slikata-shto-e-simbol-na-bolkata-vo-turcija-06.jpg

Адем раскажува дека таткото сакал целиот свет да ја види неговата и тагата на целата нација.

„Бев толку тажен додека ги правев фотографиите и повторував: ‘каква болка’. Не можев да ги задржам солзите. Останав без зборови“ – вели тој и додава дека го прашал таткото како се викаат тој и неговата ќерка.

slikaj-go-moeto-dete-sakam-site-da-ja-vidat-bolkata-fotografot-raskazhuva-kako-nastanala-slikata-shto-e-simbol-na-bolkata-vo-turcija-05.jpg

„Таткото зборуваше многу тешко, не можев да разговарам долго со него“ – раскажува фотографот.

Тој вели дека бил свесен дека фотографиите ќе станат симбол на болката низ која минува неговата земја, но не бил свесен дека толку масовно ќе се споделуваат на социјалните мрежи.

Инаку, 15-годишната Ирмак настрадала додека спиела во својот дом. 

slikaj-go-moeto-dete-sakam-site-da-ja-vidat-bolkata-fotografot-raskazhuva-kako-nastanala-slikata-shto-e-simbol-na-bolkata-vo-turcija-05 (2).jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Србинка во солзи: „Ова ти е Америка - работиш за да умреш сам“ „Ова ви е Америка. Моментално сум пред болница. Моја колешка од работа која има ...
Стефан Ѓуриќ Раста се кае за грешките од минатото: „Ќерка ми има трауми од периодот додека бев во за... „Многу ми значи односот со Тара, затоа што ние двајца заедно растеме и поминувам...
Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебе... Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg