Не за спомен, туку за вечност: Ангелот помеѓу луѓето на земјата - Тоше Проески

tose-memory-2-godini-povekjeАко постоеше светлина, ја наоѓавме во моќта на секоја твоја испеана нота. Сега само тишината горчи...и молкот полека умира.. и така секоја минута..секој ден..Веќе пет години..И Засекогаш!

Постоиш во секоја насмевка, во секоја буква на човештината на која не учеше, во големината на љубовта да дадеш премногу и кога немаш...

Анегеле, погледни не и посеј зрна на утеха за да знаеме дека сигурно си стигнал во својот Дом, да те пуштиме..Толку блиску, а толку далеку.

Почивај во Мир.


Рани години

tose_malПрвите почетоци на музички план Тоше Проески ги прави уште во раното детство настапувајќи на детскиот фестивал „Златно Славејче“ во 1992 година со песната „Јас и мојот дедо“ испеана на влашки јазик.

Тоше Проески ја започнува својата музичка кариера на фестивалот “Мелфест” каде во 1997 година победува со изведбата на Yesterday на Битлси. Истата година учествува и на “Макфест” со композицијата “Пушти ме", a потоа следеа и два од најголемите хитови Усни на усни и Сонце во твоите руси коси. Во 1999 година го издава својот деби-албум "Некаде во ноќта" кој содржи единаесет песни. Летото истата година, Тоше го оддржува својот прв концерт, кој, и покрај дождот и лошото време, останува незаборавен за неговите обожаватели.

Во 2000 година Тоше учествува на “Скопје Фест” (од каде се избира македонскиот претставник на Евровизија) со песната "Солзи прават златен прстен" .

Во овој период почнува да ги снима и песните за својот втор албум “Синот Божји" кој е промовиран во јуни 2000 година. Албумот ќе даде голем број хитови во опусот на Тоше, како "Немир", "Во коси да ти спијам", "Излажи ме уште еднаш", како и "Илузија" и "Тајно моја".

 

Ѕвездена слава

n1148313360_33396_5236Откако минува одредено време заедно со својата нова менаџерка Лилјана Петровиќ снимајќи во студио во Атина, Грција, Тоше го пушта во продажба својот трет албум "Ако ме погледнеш во очи" на македонски и српски јазик. Во април 2003 година, Тоше победува на фестивалот "Беовизија" со песната "Чија си" која станува огромен хит во поголем дел од балканските републики.

Со цел да го подобри своето пеење, Тоше оди на часови кај маестро Вилијам Рајли во Њуjорк кој е в својата кариера е и учител на Лучијано Павароти. По враќањето, Тоше одржува низа хуманитарни концерти низ Македонија. Ја добива Хуманитарната награда Мајка Тереза а во 2003 година станува регионален УНИЦЕФ амбасадор.
Следната година МРТВ го избира Тоше за претставник на Евровизискиот настап кој се оддржува во Истанбул, Турција.

Во февруари, со помош на теле-воутинг, жири и лично мислење, избрана е песната Ангел си ти. Во април Тоше го издава албумот "Ден за нас", двојно це-де на кое се сместени осумте песни изведени на изборот за песна на Евровизија. Следниот месец, Тоше го освојува 14тото место со песната "Life", англиската верзија на “Ангел си ти”. Пред изборот, станува омилена личност меѓу репортерите, преку демонстрација на неговите инзворенди оперски квалитети на прес-конференциите.

Во 2004 година, именуван е за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја снима песната За овој свет која има и англиска верзија - This World и која станува химна на УНИЦЕФ. Тоше потпишува договор со Dallas Records за издавање на неговиот следен албум во Хрватска и Словенија. Тоше ја снима “Krajnje Vreme” со словенската пејачка Ања Рупел. Во 2005, неговиот петти албум “По тебе” е издаден низ целата територија на поранешна Југославија. Сингловите од овој албум пак, со месеци се задржуваат на највисоките места на музичките топ листи на Блаканот.

Неговиот следен албум - Божилак - е компилација на 14 избрани македонски народни песни пропратени од симфониски оркестар. Во 2007 година, Тоше го издава и Игри без граници - неговиот последен албум.

Неговиот последен концерт (уште еден во низата хуманитарни концерти) оддржан на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје беше посветен на ревитализација на македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000 посетители.

 

Супер Тоше

SuperToseБорба против злото, елиминација на непријателите, победа на доброто беа главните црти на стрипот „Супер Тоше“, во кој главниот јунак беше правен според ликот на Тоше Проески. „Супер Тоше“ беше првиот стрип во државава во кој главен протагонист беше популарниот пејач, а сето тоа беше дел од хуманитарната кампања која се одвиваше под мотото „Суперхерој на хуманоста“.

„Во стрипот ги вметнавме сите доблести и карактеристики на Тоше за да изградиме фиктивен суперхерој, кој се надеваме ќе прерасне во идол на младите. Тоше е идеализиран, но на тој начин сакаме да им дадеме верба на младите за победа на доброто над злото“, изјави своевремено Оливер Ромевски, автор на „Супер Тоше“. Тој како оружје го имаше својот суперглас со кој се обидуваше да го елиминира злото и да ги победи непријателите, меѓу кои предничеше Мистер Пират, главен во пиратеријата во целиот свет, шверцот со деца, криминалците со дрога и оружје.

 

Победа на Беовизија

На 13 април 2003 година, Тоше Проески победи на првата Беовизија. Тоше на Беовизија настапи со песната Чија си, на авторскиот тандем Леонтина Вукомановиќ и Жељко Јоксимовиќ, која на крајот имаше вкупно 75 поени.

Значењето на победата на Тоше беше голема пресвртница и значаен момент во неговата кариера, особено поради тоа што на фестивалот настапија мошне популарни екс-југословенски ѕвезди, а во стручното жири членуваа истакнати музички дејци. Искачувајќи се на сцената, уште еднаш да ја отпее победничката песна, Тоше Проески не пропушти прилика да ја спомне својата земја, истакнувајќи дека би било убаво доколку Македонија или СЦГ во 2005 ја организираат Евровизија.

 

Тоше Проески на Еurovision Song Contest 2004

toshefinaleНа 49-тото издание на Изборот за песна на Евровизија, Македонија ја претставуваше нејзината најголема музичка ѕвезда Тоше Проески. Тоше се претстави со песната Life, која всушност беше преработена верзија на оригинално избраната Ангел си ти.

Оваа песна беше избрана на 14 февруари 2004 година, во конкуренција со уште седум други песни од еминентни музички имиња, напишани специјално за Тоше.

На Изборот за песна на Евровизија, Тоше со својата моќна и енергична изведба како и со придружните вокали кои направија артистично шоу на сцената, успеа да се пласира од полуфиналната на финалната вечер. На финалната вечер, со освоени 47 поени се пласираше на 14-тото место.

 

Вториот голем концерт на Градски стадион

На 23 јуни 2006 година се случи вториот голем солистички концерт на Тоше, на Градскиот стадион. Спектакуларниот концерт започна со атрактивна танчерска група од Белград и во ритамот на придружниот состав на Тоше, Blue Funky Individuals. Воведните стихови на огромниот хит "По тебе" ветуваа дека журката на Градски ќе биде незаборавна.

 

Концерт во Белградска Арена

toseArenaНa 14 февруари 2007 година, Тоше одржа спектакуларен концерт во српската престолнина - Белград. На неговиот концерт присуствуваа помеѓу 15 и 20 илјади луѓе од сите генерации. Концертот се одржа во Белградската Арена, најубавата сала за концертни, културни и спортски активности на Балканот.

За концертот на Тоше, српските медиуми известуваа неколку дена претходно, респектирајќи го како голем и централен настан во српската метропола.

"Ова е најсреќен ден во мојот живот. Прв пат ми се случува концертот кој уште да не е почнат, јас се плашам дека ќе заврши" - рече Тоше.

Крајот на концертот беше вистински делириум, бидејќи за крај беа оставени неговите најголеми хитови - Лагала нас мала, Чија си и Срце није камен. Како специјален подарок од Тоше за неговите фанови, тој ги исполни Fragile од Стинг, Nothing else matters од Металика и Као какао од Леб и сол.

На 12.02.2008 година концертот од Белградската арена започна да се продава во ДВД издание.

 

Победа на Хрватски радиски фестивал

Најпопуларниот македонски пејач Тоше Проески, го продолжи искачувањето кон врвот на балканската музичка сцена со победата на Хрватски радиски фестивал на 9 јуни 2007 година. Тој со песната Veži me za sebe, сосема заслужено освои Гран при во категоријата поп рок и урбана музика, освојувајќи вкупно 16.589 гласови.

 

Третиот голем концерт на Градски стадион

Под мотото „Образованието е одговорност на сите“ поп-ѕвездата Тоше Проески, на 5 октомври 2007 во 19.30 часот, одржа спектакуларен хуманитарен концерт на Градскиот стадион во Скопје, поддржан од организацијата УСАИД.

Парите од билетите, се искористија за петгодишниот проект за основно образование финансиран од фондацијата. Со нив ќе бидат реновирани околу 100 училишта во Македонија, ќе се подобри наставната програма и ќе се спроведат образовните реформи. На вчерашната прес-конференција во хотелот „Континентал“, освен Тоше, присуствуваа претставници од УСАИД. Директорот Мајкл Еди, кој се обрати на македонски, рече дека се гордее што работи со ѕвезда од рангот на Проески.

- "Чест ми е што сум дел од проект од вакви размери и од големи планови за македонското образование. Сите концерти ми се драги, но хуманитарните многу ми значат оти остануваат трајно. Ако се подобри образованието во Македонија, ќе имаме поздраво општество" - изјави Тоше.

Тоше на прес конференцијата непосредно пред концертот истакна дека секогаш ќе се чувствува како Македонец и никогаш нема да ја напушти својата татковина.

-"На успехот секогаш е залепено зло зашто човечката природа е таква. Се надевам на поддршка од сите за да се справам со злобните луѓе, оти не можам да го направам тоа сам " - рече пејачот. Особено запаметено останува неговото барање:

"Сликајте ме со ѕвезденото небо", кога илјадници мобилни телефони и запалки светнаа на неговите романтични рефрени.

По завршувањето на концертот, на Тоше и на неговите колеги им беа доделени статуетки Мајка Тереза, од истоимената фондација, како знак на благодарност за хуманото дело. Тоше ја предаде статуетката на неговата мајка Доминика, која му ја всадила хуманоста од мали нозе.

n1098827522_30035910_7891
Фотографија од неговото последно интервју,
следниот ден се случува сообраќајката во која тој трагчно загинува...

 

Сообраќајна несреќа

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.

Во мигот на несреќата, Тоше се наоѓал на со-возачкото седиште во возилото Volkswagen Touareg кој со голема брзина удира во приколката на камионот пред него и потоа во крајпатната заштитна ограда. Останатите двајца патници - возачот Ѓорѓе Георгиевски поминува со потешки додека неговата менаџерка Лилјана Петровиќ со полесни повреди.

 

Последното испраќање на Тоше

toseKovcegТелото на Тоше пристигна на аеродромот "Александар Велики" од Хрватска, на 16 октомври, околу 23 часот, со хеликоптер на Армијата на Република Македонија.

Целата нација со солзи го пречека својот ангел, во родната Македонија. На аеродромот, неговото тело беше пречекано од неговите најблиски и од владина делегација. Беше организирана мала процесија од страна на почесната гарда на Армијата.

Во сите Македонски градови и села веќе беше отпочнато оплакувањето на најомилениот естраден лик и Македонска национална гордост. На плоштадот "Македонија" во Скопје, масовно се палеа свеќи, а народот спонтано излегуваше на улиците за да го пречека и испрати на патот до Крушево.

Погребот на најголемата македонска музичка ѕвезда започна утредента во 13 часот, откако претходно беше одржана комеморација пред споменикот Македониум.

"Крушево и Македонија уште од Илинден 1903-та не ги обземало таква тага и очај. И со право, зашто изгуби ангел. Продолжи Тоше да пееш, на небото, придружуван од ангели" - се прости архиепископот г.г. Стефан.

Со липање и со неизмерна почит верната публика и на крушевско Гумење му го подари последниот аплауз на својот сакан.

- "Нè научи на вредности на кои треба да почива универзумот. Ни остави песна за да нè теши и да нè потсети како е да се биде човек" - рече Груевски на комеморацијата пред неколку илјади крушевчани, Македонци, почитувачи на Тоше.

TosePlostadТажното простување од големата ѕвезда почна уште во 11 часот, во црквата „Пресвета Богородица“, каде што Тоше бил крстен. Мирисот на темјан измешан со мирисот од запалените свеќи само ја дополнуваше траорната атмосфера, во која присутните го оплакуваа милиот пејач.

Од црквата ковчегот беше ставен на лафет од каде што поворката тргна кон месноста Гумење, кај Споменикот на крушевската револуција. Другарите на Тоше со венци и со цвеќиња во рацете го предводеа ковчегот до вечното почивалиште. Мајката на Тоше, која ни за момент од рацете не го испушти  Македонското знаме што го покриваше сандакот неутешно плачеше изговарајќи го неговото име.

Трогателно, со многу емоции актерката Весна Петрушевска со говор се прости од својот пријател. - "Најстрашно е што Македонија го изгуби најдоброто нешто. Мислам дека умре надежта. Мислам дека умре најголемата ѕвезда што некогаш се родила во Македонија".

Долга беше редицата на сите што сакаа да се поклонат пред неговиот ковчег и последен пат да ја бакнат сликата на Тоше. Освен родителите и најблиските роднини најнеутешни беа неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и блиската пријателка на Тоше, Адријана Будимир. Илјадници крушевчани и луѓе од другите градови со часови се стискаа на гробиштата во Крушево за да го испратат Тоше до вечниот дом. Неколку часови имаше само молк и по некоја воздишка. И со некој шепот за тоа каков ангел изгуби земјата. Но, по само првиот такт на посмртниот марш залелека цело Крушево.

Покрај свежо ископаниот гроб, таткото на Тоше, скршен од болка, побара да го отворат сандакот за да види го својот син за последен пат. Додека го отвараа капакот и Адријана Будимир посака да го види.

Болни крикови одекнуваа додека ковчегот со телото го спуштаа во гробот, испратен со почесна стрелба на почесната стража на АРМ. Постхумно прогласен за почесен граѓанин на Македонија, Тоше беше погребан со најголеми државни почести. На неговото испраќање присуствуваше државниот врв, а венци пред ковчегот со неговото тело положија тогашниот претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Груевски, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски и речиси сите членови на Владата, делегации од политичките партии, хуманитарни организации на кои тој несебично им помагаше.

Во реката луѓе што се поклонија пред големиот пејач беа неговите колеги, пејачи од Македонија и од Балканот, актери, црковниот врв, но и одбојкарите од неговиот клуб, игроорци, неговите пријатели, илјадници обожаватели...

Последна почит му оддадоа и многу негови пријатели од балканската естрада, меѓу кои македонската поп дива Калиопи и нејзиниот сопруг, актерот Васил Зафирчев, оперската дива Весна Гиновска-Илкова, Бени и Нора Шакири, пејачот Адријан Гаџа, хрватските пејачи Аки Рахимовски, Тони Цетински, српските пејачки ѕвезди Жељко Јоксимовиќ, Светлана Ражњатовиќ и други. Беа и амбасадорката на САД Џилијан Миловановиќ, евроамбасадорот Ерван Фуере и градоначалникот на Скопје Трифун Костовски.

Поради големиот стрес, неколку лица колабираа за време на погребот и им беше дадена лекарска помош. Меѓу нив беше и Лилјана Петровиќ, која не дојде на гробиштата бидејќи по комеморацијата ја однесоа во болница.

Од тогаш, неговите фанови ги одбележуваат важните денови кои времето нема да ги избрише. И оваа година на 5-ти октомври - денот кога беше одржан неговиот последен концерт, луѓето кои го сакаа се собраа на градскиот плоштад да му одадат почит и да покажат дека Тоше никогаш нема да биде заборавен; живо ги пееа неговите песни, аплаудираа и направија ѕвездено небо какво што тој најповеќе сакаше.

Од неодамна, од страна на Меѓународниот Тоше Проески Фан Клуб, Тоше доби ѕвезда на небото која ќе го носи неговото име.

На име на Тоше Проески е регистрирана звезда, сертификатот со координатите е предаден на неговото семејството на 9.10.2009 во Крушево. Од овој октомври една од звездите и службено го носи неговото име Тоше Проески  и ... вечно ќе сјае.

zvezdata-so-ime-tose-proeski

Би можело да ве интересира:

Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа „Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на ови...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
„Дај на сунце“ – Новата песна на Каролина Гочева за еден час по објавувањето ја освои публиката „Магична како и секогаш“ – стои во дел од коментарите под новиот видео спот на К...
„Ова е најтажниот ден во мојата кариера“ - Прво обраќање на Калиопи, откако на нејзиниот концерт во ... „Денес, наместо да го славиме животот на мојот концерт, загубивме еден живот“ – ...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg