Иновативни студиски програми во Солун за новата академска година

(Скопје, 22.03.2017) – Со бројни иновативни, додипломски и постдипломски студиски програми, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ја започна кампањата за регрутирање и упис на нови студенти за академската 2017 – 2018 година. Клиничка невропсихологија, Когнитивна невропсихологија, Меѓународен менаџмент и лидерство во здравство, Напредно инженерство на софтвер за веб и мобилни апликации, Хотел и туризам менаџмент се само дел од студиските програми што се воведени во академската понуда.

inovativni-studiski-programi-vo-solun-za-novata-akademska-godina-01.jpg

Овие нови програми се додадени во богатото портфолио на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ. Студентите се стекнуваат со диплома од Универзитетот Шефилд, диплома од еден од 100те најдобри универзитети во светот. Студентите имаат можност за пристап до неповратни и вредни стипендии, за целиот процес на студирање и за сите академски програми. Аплицирањето за овие стипендии е достапно до 30 април.

Студирањето се одвива во вистински интернационалната средина, со студенти и професори од над 20 различни националности. Низ годините, голем број студенти од Македонија успешно ги завршија своите студии на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ во Солун и се стекнаа со  диплома призната во 196 држави, односно во целиот свет. Во фокусот на кампањата овој пат преку видео сведоштво, активните, тековни студенти ги споделуваат сопствените искуства од студирањето на еден од најдобрите универзитети во светот, воопшто.

inovativni-studiski-programi-vo-solun-za-novata-akademska-godina-2.jpg

Универзитетот Шефилд како дел од професорскиот кадар има дури 6 добитници на Нобелова награда, а дипломците и студентите од овој универзитет се на позиции со голема одговорност и влијание во целиот свет, давајќи значаен придонес во општеството. Како член на престижната Russell Група составена од водечките институции за истражување во Велика Британија, на Универзитетот Шефилд се изведуваат интердисциплинарни истражувањата кои се врвно рангирани насекаде во светот. Овој универзитет е препознаен од студентите како институција која нуди најдобро студентско искуство, според анкетата направена од страна на Times Higher Education во 2016 година.

inovativni-studiski-programi-vo-solun-za-novata-akademska-godina-3.jpg

Сити Колеџ поседува седум различни врвни меѓународни акредитации, што е само уште еден доказ за квалитетот на образованието кое оваа институција го нуди. Образовниот процес се одвива во мали студентски групи, што на идните професионалци им нуди одлично академско искуство, а од огромната функционална мрежа на дипломци во земјата и пошироко во регионот, студентите имаат секогаш достапна поддршка.

За повеќе информации, заинтересираните кандидати може да се обратат до следниот ЛИНК.

Би можело да ве интересира:

Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...

Најчитани неделава