Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Во Хрватска е направен голем тест на пелени и откриено е кои најдобро впиваат

Хрватскиот портал 24sata.hr објави вест за тестирање на пелени кои се наоѓаат на нивниот пазар, па Ви ги претставуваме резултатите од истражувањето.

vo-hrvatska-e-napraven-golem-test-na-peleni-i-otkrieno-e-koi-najdobro-vpivaat-1_copy.jpg

На хрватскиот пазар се продаваат десетина видови пелени за еднократна употреба по цена од 30 до 100 куни по пакување (од 249 до 830 ден.), зависно од бројот на парчиња во пакувањето, а хрватската издавачка куќа „24sata“ спроведе интересен тест, за од прва рака да утврди кои од пелените се најсигурни.

Со тестот се опфатени 10 трговски марки на пелени, од кои најголем број се произведуваат во Европската унија. 

Во конкуренција на адутите од светските произведувачи и дистрибутери, како што се Pampers, Interspar, Muller, dm, Kaufland, Lidl, Baby Love и други, најдобри резултати на тестот покажале пелените произведени во Херцеговина!

Имено, пелените на Violeta покажале поголема способност на апсорбирање течности од сите тестирани пелени и биле единствени кои и по седум децилитри впиена течност биле суви на допир, а течноста не излегувала од внатрешноста дури ни на притисок.

Резултатите од овој неофицијален тест уште еднаш потврдуваат дека компанијата, со седиште во Груде, има квалитет потребен за освојување на европските и светските пазари.

Да потсетиме, според извештајот на Euromonitor, минатата година Violeta го престигна дотогашниот лидер на пазарот на пелени во БиХ, светскиот гигант Procter & Gamble, освојувајќи 49 проценти од пазарот во однос на 38 проценти кои ги држел главниот конкурент.

Во април, со договорот со Spar, влезе на австрискиот пазар и така стана првиот бренд од овие подрачја во непрехрамбената категорија на австрискиот пазар.

Би можело да ве интересира:

Елена од Струмица ја донираше косата за лица кои ја изгубиле својата: „Ја чував 2 години, сакам да и... „Косата ја донирав кај Сашка, која, како што дознав преку статија на CRNOBELO.co...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Се слави Свети Константин и Елена: Обичаи и верувања поврзани за празникот Водата од еден извор во Македонија се смета дека е најлековита на овој ден, а го...
Ирина Камилоска го откри полот на бебето, синот Јосиф ќе добие сестричка „Едни велат ако мајката носи девојче, се разубавува, а други дека девојчињата ја...
Лабина Митевска со моќен говор по добиена филмска награда во Швајцарија: „Се докажавме во балканскот... „Пред 25 години, долго време бев единствената жена продуцентка, а сестра ми беше...
Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg