10 (сериозни) тинејџерски филмови во кои ќе уживаат и возрасните

Dead Poets Society

Со Робин Вилијамс во главната улога, Dead Poets Society ја раскажува приказната за средношколски наставник кој ги инспирира и мотивира своите ученици преку поезија.

Разговорите што ги водат наставникот и учениците ќе ве натераат да размислите за многу аспекти од вашиот живот.

Mean Girls

За разлика од повеќето филмови на листата, Mean Girls дефинитивно е наменет за помлада публика.

Но, многумина признаваат дека одвреме-навреме го гледаат, без разлика што тинејџерските години се далеку зад нив.

Главниот лик е Кеди – млада средношколка кој се зближува со „злобните девојки“ од нејзиното ново училиште.

Almost Famous

Almost Famous ќе ви покаже како изгледале турнеите на најголемите рок-ѕвезди во 1970-тите.

Главниот лик е средношколец кој добива можност да напише сторија за Rolling Stone за нов надежен рок-бенд.

За таа цел, тој оди со бендот на турнеја.

10 Things I Hate About You

Со Хит Леџер и Џулија Стајлс во главните улоги, ова е филм на кој многумина се навраќаат.

Главниот лик е Кет, интелигентна средношколка која е асоцијална, и нејзината помала сестра.

Сестра ѝ не смее да си фати дечко додека Кет е сингл, па таа му плаќа на мистериозно момче да ја заведе.

13 Going on 30

Забавна комедија која ќе ве потсети на тинејџерските денови, кога едвај сте чекале да пораснете.

Главниот лик е 13-годишната Џена која за својот роденден посакува да биде возрасна. За некое чудо, желбата ѝ се исполнува и таа се буди како 30-годишна жена.

Но, набрзо сфаќа дека тинејџерските години и не се така лоши…

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg