Препорачуваме: 10 филмови со Рајан Рејнолдс кои вреди да ги изгледате

Шармантниот сопруг на Блејк Лајвли годинава наполни 40 години и со сигурност може да се каже дека е на врвот на својата кариера. Откако доби сопствена ѕвезда на холивуската патека на славните, успехот на Рајан Рејнолдс е зацементиран и од него очекуваме уште повеќе филмски остварувања.

Preporacuvame-10-filmovi-so-Rajan-Rejnolds-koi-vredi-da-gi-izgledate-01.jpg

Како што старее Рајан станува сè поубав и позгоден, а неговиот талент за глума се издигна на едно повисоко ниво.

Па, ви препорачуваме да ги погледнете следните 10 филмови со Рајан Рејнолдс, за да ја забележите неговата еволуција:

Just Friend (2005)

Каде на друго место ќе го видите згодниот Рајан Рејнолдс во улога на огромен буцко? Откако неговата симпатија нема да му ги возврати чувствата во средно училиште, Крис по неколку години се враќа целосно трансформиран и подготвен за слатка одмазда кон сите кои му се смееле во минатото.


Definitely, Maybe (2008)

Откако 11-годишната ќеркичка ќе го замоли својот татко да ѝ ја раскаже приказната како се запознал со мајка ѝ, политичкиот консултант Вил ја започнува најмистериозната загатка која вклучува дури 3 жени во неговиот живот.


Waiting… (2005)

Комедија со неколку пријатели кои работат во ресторан за брза храна, прикажувајќи ги нивните животи, малите тривијалности и големите очекувања со кои се соочуваат.


The Captive (2014)

Мистериозна крими-драма која се обидува да го расветли случајот со исчезнувањето на Касандра. После 8 години доказите излегуваат на површина, индицирајќи дека таа е сè уште жива.


The Change-Up (2011)

Дејв е женет со 3 деца, а Мич е сингл кој спие со секоја жена која ќе му налета на патот. Што ќе се случи откако двајцата ќе си ги заменат телата и животите?

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg