Одлични филмови за крајот на летото кои ќе ве наполнат со позитивна енергија

The Way Way Back (2013)

Данкан е повлечен тинејџер кој е принуден да го помине летото со неговата мајка, нејзиниот дечко и неговата неподнослива ќерка. Во обид да избега од новиот потенцијален очув, Данкан наоѓа работа во аква парк.

Begin Again (2013)

Грета и Дејв изгледаат како совршен пар. Кариерата на Дејв оди во нагорна линија кога заедно пристигнуваат во Њујорк. Но, нивната врска неочекувано завршува. Скршеното срце на Грета ѝ дава само еден избор – да создаде прекрасна музика во обид да си ја излечи душата.

https://www.youtube.com/watch?v=Y2ofgnl55hY

Salmon Fishing in the Yemen (2011)

Д-р Алфред Џонс добива необична задача: млада жена најмена од страна на богат мистериозен шеик ја бара помошта на докторот со цел да организира натпревар во ловење риби во Јемен.

https://www.youtube.com/watch?v=hQLhbBnCgRQ

The Grand Budapest Hotel (2014)

Во ’30-тите години на минатиот век, Големиот хотел Будимпешта е едно од најпопуларните ски-одморалиште во Европа. Густав е главниот менаџер кој се грижи работите да течат подмачкано, но кога една од гостинките мистериозно ќе почине, започнуваат истрагите и интригите – кој е злосторникот?

Last Chance Harvey (2008)

Харви Шајн е во Лондон поради венчавката на својата ќерка. Тој го испушта летот за Њујорк и ја губи работата. Но, тогаш случајно ја запознава Кејт, административен службеник чиј живот се врти само околу работата, нејзината мајка и низа договорени состаноци на слепо.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 романтични филмови кои се совршени од почеток до крај Емотивниот The Notebook и забавниот Pretty Woman – некои филмови, иако можеби не...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg