Филмови и серии со антихерои и негативци кои потајно ги обожаваме

Fight Club – Тајлер Дурден

Главниот наратор не може да спие со месеци. Има хронична несоница и е на работ на лудило. Во најнеочекуваниот момент го запознава необичниот, по малку психотичен, но бестрашен Тајлер Дурден.

Joker – Артур Флек (Џокер)

Приказната за настанувањето на еден од најголемите негативци со кој вистински ќе сочувствувате. Како настанал Џокер, најголемиот непријател на Бетмен?

Dexter – Декстер

Неверојатни 8 сезони кои ќе ве држат на работ на трпението. Декстер е опасен, млад човек со мрачен ум кој се обидува да ја контролира својата насилна природа. Тој има правило: може да ги повреди само оние кои вистински го заслужуваат тоа.

Harry Potter – Северус Снејп

Малото момче кое преживеало од нападот на „оној чие име не треба да се споменува“ го започнува своето образование во училиштето за млади волшебници Хогвардс. Сепак, еден од професорите воопшто не му е наклонет и ќе поминат години пред да сфатиме сите, вклучувајќи го и Хари Потер кој и што всушност е Северус Снејп.

The Handmaid’s Tale – Серина Џој

Во новото дистописко општество, жените кои се плодни и имаат способност да раѓаат деца се нарекуваат робинки, третирани како слугинки, а секое богато, угледно семејство има по една. Џун е робинката која му служи на командантот Фред и неговата сопруга Серина Џој.

https://www.youtube.com/watch?v=RcTvQx1Wot0

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...
10 филмови од 2024-та кои веројатно сте ги пропуштиле, но вреди да ги изгледате Origin и The Promised Land се мал дел од новите филмови кои можеби не се многу п...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 празнични филмови што ќе им бидат забавни и на возрасните Bad Santa и A Bad Moms Christmas се празнични филмови, но а разлика од повеќето,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg