10 одлични серии кои ќе направат да се чувствувате опуштено и среќно

Superstore

Што точно се случува зад вратите на огромниот супермаркет? Со доаѓањето на новиот вработен Џона, се чини дека работите дополнително се заплеткуваат. Тука е Ејми, заробена во здодевен брак без љубов… тука е и Дина, задолжена за обезбедувањето на објектот… и секако, шефот кој апсолутно нема идеја што треба да прави.

Schitt’s Creek

Брачна двојка неочекувано прогласува банкрот и единствениот имот којшто го поседуваат е во мал, грд град по име Schitt’s Creeк каде што се преселуваат.

GLOW

Рут Вајлдер нема стабилна работа како актерка во Лос Анџелес во текот на ’80-тите години. Неочекувано ѝ се пружа прилика да заработи пари во светот на сјај, светки и еластични материјали, односно во рингот на жени што се борат помеѓу себе со уште 12 слични како неа.

https://www.youtube.com/watch?v=PTx2EYmmzBI

Bob’s Burgers

Боб Белчер е третата генерација која го води бизнисот со бургери наречен Bob’s Burgers, заедно со неговата сопруга и трите деца. Тој верува дека неговите сендвичи зборуваат сами за себе, но не се плаши да ризикува со нови вкусови на бургерите.

One Day at a Time

Дејствието се „врти“ околу Пенелопи, самохрана мајка и нејзиното семејство. Поранешен војник, а сега вработена како медицинска сестра, таа сама одгледува две мошне своеглави деца.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
Поучни кратки анимирани филмови на YouTube за деца Факт е дека во денешно време децата речиси секој ден се во допир со екраните. За...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg