5 извонредни филмови базирани врз морничаво вистинити злосторства
Филмовите се одличен извор на забава, а кога истите се засноват на вистинска приказна, гледањето посекако станува уште понапнато и поинтересно.
Без разлика на нашиот омилен жанр, ќе се согласиме дека реалноста преточена во филм навистина лесно умее да го привлече нашето внимание.
Точно е, не секој од нас ужива да гледа криминалистички акции, бидејќи истите најчесто изобилуваат со живописно „крвави“ сцени, но сепак, не смееме да ја оспориме умешноста на светската, филмска кинематографија – кога станува збор за овој филмски жанр.
За вистинските љубители, во продолжение издвојуваме 5 неверојатни филмови базирани врз вистински злосторства:
City of God (2002)
Филм кој се базира врз бројни животни настани на фотографот Вилсон Родригез.
Локациски дејствата се случуваат во Рио де Жанеиро и го следат растот на организираниот криминал во едно од локалните предградија, опфаќајќи ја временската рамка од 1960-ите до 1980-ите години.
Заплетот го опфаќа банда на криминалци кои ограбуваат, убиваат и тргуваат со дрога.
Memories of Murder (2003)
Овој филм сликовито ги прикажува морбидните случувања во Јужна Кореја, кон крајот на 1980-ите години, односно ја раскажува приказната за двајца детективи и нивните напори и настојувања за решавањето на сериозни злосторства, кои вклучуваат бројни силувања и убиства.
Покрај грозоморните случувања, овие два лика особено ја освоија публиката, а умешното внесување на низа комични примеси го издвои овој интригирачки трилер како еден од најдобрите.
Public Enemies (2009)
Филм создаден според извонредната книга на Брајан Бароу, истоимената - „Јавни непријатели“.
Овој филм го опфаќа најголемиот криминалистички бран во Америка, а воедно и појавата на ФБИ, во 1933 година.
Љубовните приказни, пријателствата, случувањата во затворот и надвор од него, како и немилосрдната брканица на ФБИ агентите сосема ќе го обземат вашето внимание.
Snowtown (2011)
Станува збор за едно од најдолгите и најпознатите судења во австралиската историја: случајот со убиствата во Сноутаун.
Џон Бантинг и Роберт Вагнер, главните криминалци на приказната, извршиле вкупно 12 убиства.
Доколку сте љубител на биографски трилери, Snowtown со сигурност нема да ги разочара вашите очекувања.
https://www.youtube.com/watch?v=sJY6X8utM8A
The Iceman (2013)
Приказната за Ричард Куклински е интригирачка и мошне позната, особено за оние кои уживаат да читаат книги кои ги опфаќаат вистинските злосторства.
Познат по прекарот „Ледениот човек“, како резултат на неговиот метод за прикривање на злосторствата - замрзнување на телата на жртвите, со цел што потешко да се открие времето на смртта.
Со огромни тајни скриени далеку од неговото семејство, овој филм се базира на вистинска приказна, каде примарно место заземаат службениците за спроведување на законот, кои непрекинато се обидуваат да го изведат Куклински пред лицето на правдата.
Мила М. | Црнобело