20 години од „Прашина“ на Милчо Манчевски – врвно филмско ремек-дело со неповторливата музика на Кирил Џајковски
„Прашина“ е вториот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски. Следејќи ја естетиката на „Пред дождот“ (1994), а сепак толку поразличен, „Прашина“ нè однесе на 2 континенти, спои 2 (навидум) неспојливи приказни, поврзувајќи го Дивиот Запад и Отоманската империја.
Анџела е старица којашто живее во Њујорк. Ејџ е ситен крадец што се обидува да ја преживее суровоста на градот. Кога ќе реши да ја ограби навидум немоќната старица, полека почнува да се отплеткува клопчето со тајната за потеклото на Анџела.
Главните улоги во „Прашина“ ги толкуваат Џозеф Фајнс, Дејвид Венам, Едријен Лестер, Ен, Броше, Розмари Марфи, Салаетин Билал, Николина Кујача и Владо Јовановски.
Музиката во филмот е особено врвно уживање, дело на Кирил Џајковски. Сите композиции се ремек-дела, но 13-тата од албумот засекогаш потсвесно ќе ја поврзуваме најмногу со „Прашина“:
Интересно факт за снимањето на филмот е што Манчевски и неговата екипа направиле обемно истражување за Дивиот Запад и Отоманското царство, анализирајќи над 160 книги и статии од тој временски период.
„Каде ти оди гласот кога повеќе те нема?“ И после 20 години, а веруваме и во наредните двесте, „Прашина“ ќе биде една од причините поради која сме горди што сме Македонци.
(О)Милена | Црнобело / Фото: manchevski.com