Како режисерот на „Брзи и бесни“ и Вин Дизел му оддадоа почит на прерано починатиот Пол Вокер во новиот дел на филмот?
Иако Пол Вокер загина во 2013-тата година, ликот што тој го толкуваше во Fast and Furious, Брајан О'Kонор има важна улога и во најновиот дел на филмот. Како го објаснија отсуството на Брајан и на кој начин му оддадоа почит во најновиот филм?
И осум години по трагичната прерана смрт, актерот Пол Вокер останува во срцата на неговите колеги од франшизата Fast and Furious.
Вин Дизел му оддаде почит на Пол на денот на премиерата, а неговото име беше спомнато и во неколку наврати во самиот филм.
Вин Дизел вели дека не може ниту да се сети како изгледал неговиот живот пред почнувањето на снимањето на филмот.
„Никогаш нема да заборавам дента кога бевме на аеродром во Мексико, филмот сè уште не беше излезен, мислам дека беше во април 2001-вата година.
Пол Вокер и јас седевме на подот, а торбите ни беа до нас и чекавме да се качиме на патнички авион за да се вратиме дома. Само што стасавме таму за MTV Spring Break. И се сеќавам дека тој дојде поблиску до мене и ми рече: ’Запомни го ова, запомни дека луѓето нè газат, ни ги туркаат торбите и не ни обрнуваат внимание‘. Јас го прашав: ’Зошто?‘ А тој рече: ’Кога овој филм ќе излезе ќе заборавиме на анонимноста‘.“
Сега, 20 години подоцна, зборовите на Вокер звучат речиси како пророштво. Но, никој не очекуваше дека брилијантниот актер ќе го прекине патувањето и ќе нè напушти прерано и на половина пат.
Aктерот не е повеќе со нас, но актерската и филмската екипа сепак наоѓаат решение како неговиот лик Брајан О'Конор во филмот и понатаму да живее.
Во продолжение се откриени делови и сцени од најновиот дел на филмот.
Режисерот Џастин Ли вели дека постојано зема предвид како најдобро да му оддаде почит на прерано починатиот актер и во најновото продолжение на Fast and Furious. Одлуката за тоа кое е најсоодветното решение ја донеле заедно со Вин Дизел кој е кум на ќеркичката на Вокер, Медоу.
Во најновото продолжение нема само објаснување за отсуството на Брајан туку се оддаваат и два суптилни моменти на почит кон крајот на филмот.
Иако за обожавателите на Fast and Furious тоа звучи неверојатно, додека се одвива целата акција, Брајан има мошне важна задача во најновото продолжение.
Тој го поминува времето заедно со неговите две деца, но и со синот на Дом, малиот Брајан. Кога ја прашуваат Миа каде е Брајан, таа вели дека тој ги чува децата.
Кон крајот на филмот, имаме можност да се присетиме на почетоците од сагата и да се навратиме на првиот дел од 2001-та година. Во најновото продолжение Дом му дава на Џејкоб (неговиот брат против кого се борат во филмот) автомобил со којшто за 10 секунди може да побегне.
Дом дава краток, емотивен говор, со кој реферира на Брајан без да го спомне неговото име.
„Некој еднаш ми даде автомобил што забрзува за 10 секунди за да ми даде втора шанса и ти должам, брате“ – му вели Дом на Џејкоб.
Актерот Џон Сена вели дека било неверојатно да се рекреира моментот кога Брајан му го даде автомобилот на Дом за да избега од полицијата.
Подоцна кога Дом, Миа и останатиот дел од екипата се собираат во куќата на Торето на вечера, до Миа е оставено празно столче, а таа вели дека Брајан најверојатно нема да дојде.
На крајот на сцената се гледа само син автомобил како доаѓа за да се придружи на семејството. Познавачите на филмот знаат чиј е тој автомобил и дека зад воланот со сигурност е Брајан, а со тоа филмот завршува.
Засега се најавени уште две нови продолженија на сагата, а режисерот Лин вели дека и во иднина ќе му оддаваат почит на актерот. На денот на премиерата на Fast 9 Вин Дизел му оддаде почит на „Пабло“ како што тој го нарекува актерот.
Тој објави нивна заедничка фотографија на Инстаграм до која напиша:
„Одам на премиерата … Твојот дух ќе биде таму“
Инаку, Пол Вокер трагично загина во автомобилска несреќа во 2013-тата година на возраст од само 40 години.
Б. С. Б. | Црнобело