10 одлични летни филмови кои ќе го прелажат мозокот дека сте на мини-одмор
Да признаеме, ништо не може да го замени вистинскиот одмор. Но една пријатна вечер со добар филм, ледена климатизација и освежителен коктел никому нема да му дојде лошо, нели?
Овие 10 летни филмови за момент ќе ви го опуштат мозокот како да сте на мини-одмор:
Wine Country
Шест жени почнуваат да го преиспитуваат пријателството помеѓу нив додека патуваат кон долината Напа во Калифорнија, за да го прослават 50-от роденден на едната од нив.
Sex and the City 2
Кери, Миранда, Саманта и Шарлот, уморни од њујоршкото секојдневие и предизвиците и обврските што ги носи животот, се упатуваат на одмор во магичниот Абу Даби.
The Way, Way Back
Срамежливиот 14-годишен Данкан оди на летен одмор со својата мајка и нејзиното ново момче. Данкан не успева да се вклопи во новото семејство, па наоѓа неочекуван пријател, управител на воден парк.
Barb and Star Go to Vista Del Mar
Најдобрите пријателки од детството Барб и Стар започнуваат авантура кога ќе одлучат да го напуштат својот мал град во средниот запад за првпат во своите животи.
Mamma Mia!
Софи и нејзиното семејство се подготвуваат за нејзината венчавка. Таа тајно поканува тројца мажи кои во ѝ минатото биле љубовници на нејзината мајка, со надеж дека едниот од нив е нејзиниот биолошки татко.