10 потресни филмови кои ќе ви ја вратат вербата во Бога и она во што најискрено верувате
Верувате во Бога, во љубов, во добрина? Можеби поради лош сплет на околности вашата верба е на стаклени нозе.
Доколку се наоѓате во таква ситуација и ви е потребно поткревање на духот и енергијата, ви ги предлагаме следните 10 силни филмови кои ќе ви ја вратат вербата во она во што најискрено верувате:
Miracles from Heaven
10-годишната Ана страда од ретка, неизлечива болест. Со помошта на нејзината мајка Кристи, таа неочекувано започнува да закрепнува, додека сите нејзини блиски и медицинскиот персонал кој ја лекува се вчудовидени од настаните.
The Healer
Млад човек неочекувано открива дека има исцелителна моќ. Обидувајќи се да го разбере новиот дар кој го поседува, тинејџерка која има рак му помага во процесот.
Faith, Hope & Love
Таа е „тазе“ разведена. Тој е вдовец со скршено срце. Овој нежен филм нè носи на патување кое покажува дека и покрај болката и тагата, вербата во љубовта прави чуда.
An Interview with God
Што би го прашале Господ, доколку ја имате таа шанса? Млад, просперитетен новинар интервјуира човек кој тврди дека е Бог.
Greater
Овој инспиративен филм базиран на животот на американската фудбалска ѕвезда Брендон Бурлсворт покажува колку верата и одлучноста можат да одиграат клучни улоги во животот на секој човек.