Први слушнете го дуетот на Даниел Кајмакоски и Жељко Јоксимовиќ (аудио)

Пред официјалната промоција на видео приказната за дуетот на Јоксимовиќ и Кајмакоси, слушнете ја песната за која се очекува да биде новиот регионален летен хит....

zeljko-daniel

Менторот не го заборави својот ученик. Популарниот српски пејач Жељко Јоксимовиќ вети и исполни. Во својата ионака богата музичка кариера има само два дуети. Едниот со Дино Мерлин другиот со Харис Џиновиќ. Третиот и официјално слушнете го во продолжение. „Скопје – Белград“ кој го изведува заедно со првиот победник на „Х-фактор Адриа“, нашиотДаниел Кајмакоски.

Музиката, аранжманот и продукцијата се на Јоксимовиќ, текстот на Драган Брајевиќ Браја и Фахрудин Пецикоза а македонскиот препев е на Магдалена Ена Цветковска. Песната е снимена во студиото на Жељко, Минакорд.

„Судбината на ѕвездите кои што ќе победат во музички реални шоуа на Балканот е таква каква што е. Но јас знаев дека приказната со Даниел нема да заврши така. Затоа и се роди дуетот „Скопје – Белград“. Ова е песна со брз и модерен ритам. Онаква каква што му прилега на Даниел. И знам дека ќе биде голем хит во регионот. Воедно песната е и соодветна најава на концертот кој што ќе се случи на 21 јуни. Даниел Кајмакоски и официјално е првиот гостин кој што ќе се појави на овој мој досега најголем концерт во кариерата. Задоволство ми е што ќе имаме можност заедно во живо да ја испееме и оваа но и многу други песни.“ – изјави Жељко Јоксимовиќ.

Спотот за оваа песна се снимаше и во Скопје и во Белград. За два дена ќе се случи и официјалната промоција на истиот. Го режираше Дејан Миличевиќ. Пред регионот и официјално да ја види видеоприказната, слушнете ја песната.

На 21 јуни на концертниот спектакл кој што за првпат ќе се случи откако е комплетирана националната арена „Филип Втори“, Јоксимовиќ истата песна ќе ја отпее во друштво на Кајмакоски.

Освен него, најавува уште многу други гости чии имиња ќе ги соопштуваме своевремено. Влезниците се со неверојатна промотивна цена од 200 денари. А со истите, на подарок го добивате и новиот албум на Јоксимовиќ. 

Слушнете го премиерно нивниот дует:

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg