Коста Петров е човек на годината според Johnnie Walker
Во неделата, 22 декември во Експо центарот се одржа настанот на кој Johnnie Walker го прогласи најуспешниот маж за 2013 година.

Оваа година титулата ја понесе Коста Петров. Станува збор за личност која се избира веќе петта година по ред а според критериумите за висока професионалност во својата и однесување со висок морал.
Како што е добро познато, главниот алкохолен бренд од портфолиото е Johnnie Walker - синоним за статус, успех и просперитет. Тоа е најбараното виски во светот со годишна продажба од над 15.4 милиони пакети и со константна тенденција на пораст на овие бројки. Овој светски успех на овој пијалок е надополнет и со маркетиншката кампања која го следи, а тоа е кампањата KEEP WALKING - своевидна прослава на успехот, мотивација за достигнување на повисоки нивоа.

Човекот кој шета уште од 1821 година е синоним на чекорењето НАПРЕД, постигнувањето успех и потрагата по прогресивни идеи. Во рамките на оваа идеја, Гемак постојано се обидува да ги препознае успехот и успешните во својата околина, да им оддаде признание и да ги посочи како пример на идентификација на останатите.
Дел од овие активности е и настанот „Човек на годината“ кој се одржува секоја година и претставува воспевање на вистинскиот успех, личен и општ.
Критериумитe според кои избираат личностите се: Издигнување во соодветната професионална околина над другите; Работа со позитивни ефекти врз заедницата кои делуваат мотивирачки врз околината; Квaлитетни човечки вредности и морал; Активности преку кои Македонија се промовира и надвор од границите.
Настанот беше збогатен со соодветна музичко сценска програма и интересна забава на која присуствуваа голем број личности од јавниот и естрадниот живот на Скопје.



