Пластика која ве подмладува
Според наодите на лондонскиот забар др. Ник Мохиндра, кој ја измислил Оралфит, оваа пластична направа може навистина да ве подмлади ефикасно.
Оралфит може да го направи лицето да изгледа помладо и поубаво, со изразени образи, полни усни и поубава насмевка.
Може и да ги отстрани борите околу очите. Оралфит, ја затегнува вилицата и мускулите на лицето, ја заблажува изразеноста на линијата која оди од носот до устата и помага при отстранување на подбрадокот.
Докторот тврди дека многу од неговите пациенти веќе ја пробале оваа направа и имаат видливи резултати и по 2 часа носење за само 3 дена.
Оралфит има своја тајна, а тоа е мал блок пластика заради кој делува толку успешно. Др. Мохиндра смета дека многу луѓе денеска изгледаат постаро отколку што имаат години, и заради тоа имаат опуштени мускули во долниот дел од лицето.
Оралфит постепено ги активира мускулите на лицето, ги затегнува при што доведува до поголем проток на крв и кислород во кожата и прави таа да изгледа поздрава и помлада.
Оралфит е потполно безболен за носење единствена мана е што корисникот може да изгледа малку чудно додека го носи па затоа др. Мохиндра препорачува негово носење за време на гледање ТВ или возење.