Најбизарните неетички експерименти во историјата
Борбата против хомосексуалците во војската во Јужна Африка, во 1970 и 1980, се одржа на тој начин што тие членови беа изложувани на хемиска кастрација...
...електрични шокови и многу други не-етички експерименти.
Околу 900 операции биле изведени од 1971 и 1989 во војничките болници, за присилена полова промена. Ова било дел од програмата top secret за одвикнување од хомосексуалноста во војската.
Оние кои не можеле да се “излечат” со дрога, аверзивна шок терапија, хормонски третман, или со помош на други “психијатриски” методи, за нив беше резервирана операција за промена на нивниот пол или биле хемиски кастрирани.
Експерименти врз деца - сирачиња
Универзитетот во Ајова направи експеримент на 22 деца сирачиња. Децата беа поделени во групи, на половина од децата експерименталецот Џонсон одржа терапија со позитивен, течен говор, а за другиот дел од децата беше подготвен говор со негативно влијание, каде тие беа омаловажувани за се што ќе кажеа. Групата што беше омаловажувана, понатаму во својот живот страдаа од негативни психолошки ефекти и имаа проблеми со јавно обраќање.
Oвој експеримент се криеше од јавноста за да не и наштети на репутацијата на Џонсон. Во 2001 Универзитетот јавно се извини за оваа студија.
Малиот Алберт – експеримент над 9 месечно бебе
Џон Ватсон, таткото на бихејвиоризмот, правеше експерименти на новороденчиња. Тој го одбра девет месечното новороденче, и го изложи на бел зајак, бел стаорец, мајмун, маска со и без влакна, клопче памук, весник кој гори, во рок од 2 месеци без да обезбеди некакви посебни услови. Потоа стави до Алберт бел лабораториски стаорец за да си игра со него. Детето не покажа никави знаци на став.
Потоа Ватсон правеше многу гласни звуци со удирање на чекан во железо, зад грбот на Алберт секој пат кога бебето ќе го допреше стаорецот. Тогаш Алберт плачеше и се плашеше од гласната бучава. После неколку повторувања на истата ситуација, секој пат кога ќе го пуштеа белиот стаорец во собата Алберт се вознемируваше и почнуваше да плаче.
Малиот Алберт понатаму почна да се плаши од се што беше или бело или бушаво.
На возраст од 8 месеци Дејвид беше однесен на доктор за да му направат една стандардна процедура. За несреќа, за време на процедурата неговиот пенис изгорел. Се користела електрична игла наместо обичен скалпел. Кога неговите родители го посетиле психологот Џон Мани, тој им предложил едно едноставно решение кое ќе им го реши проблемот - промена на полот на детето.
На Дејвид, сега Бренда, му беше конструирана вагина и му беа дадени хормонски третмани. Др. Џон го нарече овој експеримент успешен, одбивајќи да ги пријави негативните ефекти. Таа се облакаше во женска облека и имаше збунети чувства за многу различни теми. Таа не ја паметеше несреќата. Ова доведе до брутален потрес во нејзината фамилија:
- мајка и изврши самоубиство,
- татко и стана алкохоличар, а
- нејзиниот брат стана хронично депресивен.
Кога дозна Бренда за половата промена одлучи да стане Дејвид пак, престана да зема естроген, и имаше реконструкција на пенис. Др. Џон повторно изјави дека процедурата е успешна, без да ги спомене тешките борби на Дејвид со идентитетот.
На возраст од 38 години Дејвид изврши самоубиство.