Нов вид на зависност - интернет адикиција
Коцкањето веќе не е единствената зависност која ја третираат писихијатрите. Злото на денешницата има ново име, запознајте ја - Интернет Зависноста!
Иако проблемот не е до толку раширен, до сега познати се многу случаеви каде деца - тинејџери не ги напуштаат своите домови, немаат интерперсонални комуникации, две или три години се изолирани само на нивниот компјутерски монитор, и го зборуаат јазикот кој го зборат ликовите кои ги играат во своите игри.
Научниците предвидуваат дека за некоја година парови ќе посетуваат психијатар само заради тоа што Интернетот е нивна главна окупација.
Во Монтерал дури е направено институт каде што се прават епидемолошки истажувања на зависноста, каде се воочуваат нови типови на зависност, и можност да се студира на тие теми.
Иако за коцкањето и алкохолизмот имаат точни информации, за новата зависност почнуваат од нула.
Истражувачите се надеваат дека понатаму ќе располагаат со повеќе информации за оваа зависност, ќе утврдат како оваа зависност ке еволвира и ќе се развијат техники за интервенција.