Бурните тинејџерски години на Меган Фокс - Крадела, добила забрана за влегување во познат супермаркет
Во неколку пригоди актерката зборуваше јавно за сопствените проблеми со менталното здравје.
Призна дека има опсесивно компулсивно нарушување, па се случува да ѝ пречи кога некој пушта вода во тоалетот. Таа зборуваше и за нејзината телесна дисморфија, односно состојбата заради која смета дека не е доволно убава.
Но, постои една друга состојба на Меган за која малкумина знаат - проблем што го имала додека била помлада.
Така, таа еднаш била уапсена во продавница на Walmart затоа што украла шминки.
Во една прилика призна дека по кражбата ѝ било забрането да влегува во супермаркетот, а дека оттогаш не се осмелила да го направи тоа.
„Меган беше мошне бунтовна додека растевме. Таа мислеше дека може да се извлече од секоја ситуација и дефинитивно имаше ‘лепливи’ прсти“ – вели една нејзина познаничка за Express и додава дека секогаш кога Меган влегувала во продавница, морала да украде бонбони или мастики.
Инцидентот со шминката се случил кога актерката имала 14 или 15 години, а заради него била и на суд. Судијата ѝ понудил да избере меѓу две казни: да пакува подароци за Божиќ или да држи знак на кој пишува: „Украдов од Walmart“ и 3 дена да стои со него пред супермаркетот.
Во интервју во 2009-та година актерката призна дека никогаш повеќе не се осмелила да влезе во познатиот синџир продавници затоа што не знае дали забраната е доживотна.
Благодарение на својот талент Меган ќе успее да стекне светска слава, но контроверзните изјави и конфликтот со режисерот Мајкл Беј ќе ѝ донесат низа проблеми.
Меган ретко добива филмски улоги во Холивуд иако редовно присуствува на голем број познати настани, каде секогаш успева да го украде вниманието со своето појавување.
Но, по гласините за раскинувањето со Машин Ган Кели, Меган се повлече од јавноста. Таа ги избриша сите фотографии од Инстаграм профилот, а не се појави ниту на роденденската забава на нејзиниот свршеник.
Б. С. Б. | Црнобело