Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се случи тоа?“

„Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков правец“ – Меган Фокс отворено призна дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели и откри како загубата влијаела врз нивната врска. Зад бизарните појавувања од изминатите месеци се криела огромна болка.

megan-otkri-deka-imala-spontan-abortus-so-bebeto-na-mashin-gan-keli-se-prashuvav-zoshto-toa-mi-se-sluchi-01.jpg

Актерката Меган Фокс деновиве активно ја промовира нејзината нова книга поезија насловена „Pretty Boys Are Poisonous“ (Убавите момчиња се отровни), па по тој повод даде интервју каде отворено зборуваше за сѐ она што ѝ се случувало во изминатиот период, но и за настаните што ѝ дале инспирација да ги напише песните.

megan-otkri-deka-imala-spontan-abortus-so-bebeto-na-mashin-gan-keli-se-prashuvav-zoshto-toa-mi-se-sluchi-02.jpg

Во две од песните таа зборува за тагата со којашто се соочила откако имала спонтан абортус, а за првпат отворено прозборе и за емоциите што таа и нејзиниот дечко Машин Ган Кели ги доживеале по загубата.

megan-otkri-deka-imala-spontan-abortus-so-bebeto-na-mashin-gan-keli-se-prashuvav-zoshto-toa-mi-se-sluchi-04.jpg

Парот беше свршен и отворено ја искажуваа љубовта еден кон друг сѐ до февруари годинава, кога актерката ги избриша сите фотки од нејзиниот Инстаграм профил и објави само една фотографија со загадочен опис, што многумина го протолкуваа како обвинение за неверство.

Меган не откри кога точно се случил спонтаниот абортус, но признава дека загубата во голема мера влијаела врз развојот на нивната врска. Како што откри во песната, таа била во 10-тата недела од бременоста кога го загубила бебето.

„Никогаш не сум била низ такво нешто. Имам три деца, па затоа ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков правец заедно, но и одвоено и се трудевме да сфатиме: ‘Што значи ова?’, ‘Зошто ни се случи ова?’“ – вели Меган во интервју за ABC News.

megan-otkri-deka-imala-spontan-abortus-so-bebeto-na-mashin-gan-keli-se-prashuvav-zoshto-toa-mi-se-sluchi-03.jpg

Освен за загубата на детето, Меган зборува и за насилните врски во кои била, а за кои вели дека јавноста никогаш не дознала.

Се знае дека Меган била во врска со Машин Ган Кели, а претходно во брак со актерот Брајан Остин Грин, но ја поврзуваа и со актерите Шиа Лабаф и Дејвид Галагер.

„Во мојот живот сум била во најмалку една врска во која сум трпела физичко насилство и неколку врски во кои бев малтретирана психички.

Јавно ме поврзувале само со неколку луѓе, но ја делев мојата енергија со неколку ужасни луѓе, кои истовремено беа многу славни. Но никој не знае дека сум била во врска со нив“ – вели таа.

megan-otkri-deka-imala-spontan-abortus-so-bebeto-na-mashin-gan-keli-se-prashuvav-zoshto-toa-mi-se-sluchi-06.jpg

За крај, Меган напоменува дека нејзината книга не е автобиографска и дека не треба да се толкува како мемоар, но насилните врски ја натерале да ги напише песните што се опфатени во неа.

megan-otkri-deka-imala-spontan-abortus-so-bebeto-na-mashin-gan-keli-se-prashuvav-zoshto-toa-mi-se-sluchi-07.jpgМеган со Дејвид Галагер

Како што вели, целта е да им помогне на другите жени дека не мора да молчат за сѐ што преживеале, туку да најдат начин да ја искажат сопствената болка.

megan-otkri-deka-imala-spontan-abortus-so-bebeto-na-mashin-gan-keli-se-prashuvav-zoshto-toa-mi-se-sluchi-08.jpgМеган со Шиа Лабаф

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Меган Маркл го прослави 42-иот роденден - Хари покрај неа, а таа блеска од среќа, по гласините за ра... Парот до пред извесен период со месеци се немаше појавено во јавност заедно и кр...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg