Го остави бившиот за да биде со него, се колнеше на вечна љубов – Зошто Софија Вергара се разведува од Џо Манганиело?

Многумина веруваа дека Ник со правната битка ѝ се одмаздуваше на Софија затоа што таа го остави за да биде со Џо.

go-ostavi-bivshiot-za-da-bide-so-nego-se-kolneshe-na-vechna-ljubov-zoshto-sofija-vergara-se-razveduva-od-djo-manganielo-06.jpg

По соопштението за разводот, извори блиски до парот открија дека иако тие двајца на прв поглед изгледаа совршени заедно, со текот на времето разликите меѓу нив двајца станале толку големи, па тие спротивности што на почетокот изгледале симпатично, на крајот биле причина за парот да се раздели.

„Џо е како големо дете, тој обожава да игра друштевни игри, сака борење, видеоигри, филмови со суперхерои, стрипови, сака да оди на концерти и автомобилски трки. Тој постојано бара забава.

go-ostavi-bivshiot-za-da-bide-so-nego-se-kolneshe-na-vechna-ljubov-zoshto-sofija-vergara-se-razveduva-od-djo-manganielo-08.jpg

Токму тоа ја привлече Софија кон него, затоа што таа е сосема спротивна на него. Секако дека и таа сака да излегува и да се забавува, но повеќе се грижи за поубавите работи во животот, како раскошни вечери, да биде славна и сѐ друго што доаѓа со славата“ – велат извори блиски до парот за Daily Mail.

go-ostavi-bivshiot-za-da-bide-so-nego-se-kolneshe-na-vechna-ljubov-zoshto-sofija-vergara-se-razveduva-od-djo-manganielo-05.jpg

Понатаму, истиот извор тврди дека тоа што на Софија постојано ѝ велат дека е згодна и убава само повеќе ѝ го потхранува егото. Таа е темпераментна и се вознемирува за ситници, додека тој се труди да биде опуштен и да остави работите да одат по свој тек.

„Го забележаа тоа уште додека се вљубуваа еден во друг, но потоа вистинските верзии од нив излегоа на површина и не можеа да се трпат еден со друг, па почесто бираа да работат отколку да бидат заедно“ – вели добро упатениот извор, и тврди дека потоа престанале воопшто да се гледаат за да избегнат расправии за ситници.

go-ostavi-bivshiot-za-da-bide-so-nego-se-kolneshe-na-vechna-ljubov-zoshto-sofija-vergara-se-razveduva-od-djo-manganielo-07.jpg

Прочитајте и Софија Вергара на 19 години станала мајка и го израснала сама – денес синот ѝ најголема поддршка и гордост (фото)

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg