На 92 години менува девојки, има 6 деца од 3 жени – Бурниот љубовен живот на милијардерот Руперт Мурдок

Џери Хол

Кратко по разводот со Венди, Руперт си најде нова девојка – супермоделот Џери Хол. Тие беа заедно околу две години, пред да се венчаат во 2016-та.

На денот на венчавката, Џери имаше 59 години, а Руперт – 84.

Иако изгледаа среќни, во 2022 година тие се разделија, и тоа на најбизарниот можен начин.

Имено, Руперт ѝ испратил мејл на Џери во кој ѝ соопштил дека нивниот брак е завршен, како и дека до финализирањето на разводот, ќе комуницираат само преку неговите адвокати.

Не е познато која е причината за одлуката на Руперт, но според некои извори неговите деца не ја сакале Џери.

Голем дел од пандемијата Џери и Руперт поминаа одвоени од семејството бидејќи таа сакала да го заштити од вирусот.

Поради ова, децата на милијардерот престанале да ѝ веруваат и мислеле дека сака да го оддалечи од нив.

na-92-godini-menuva-devojki-ima-6-deca-od-3-zheni-burniot-ljuboven-zhivot-na-milijarderot-rupert-murdok-05.jpg

Ен Лесли Смит

Околу еден месец по финализирањето на разводот, Руперт Мурдок почна врска со тогаш 66-годишната Ен Лесли Смит.

Иако Ен е возрасна жена, поради годините на Руперт – 91 – јавноста го критикуваше.

Руперт не чекаше многу ни за да ја побара за жена, па во април 2023-та ја запроси.

Парот сподели дека планирале да се венчаат во лето. Сепак, свршувачката не издржа долго и набрзо потоа се разделија.

Според некои извори, на Руперт не му се допаѓале религиозните погледи на Ен, но самиот нема потврдено ништо.

na-92-godini-menuva-devojki-ima-6-deca-od-3-zheni-burniot-ljuboven-zhivot-na-milijarderot-rupert-murdok-06.jpg

Елена Жукова

Веќе ја спомнавме Елена Жукова, најновата девојка на милијардерот.

Таа има 66 години, двапати е разведена и пред пензија работела како молекуларен биолог.

Наводно, со Руперт се запознале преку Венди Денг – поранешната сопруга на Руперт.

Гласините за нивната врска се разгорија неодамна, откако беа забележани на одмор.

Не е познато кога точно ја почнале врската, но очигледно Руперт не сака да биде сингл на 92 години.

na-92-godini-menuva-devojki-ima-6-deca-od-3-zheni-burniot-ljuboven-zhivot-na-milijarderot-rupert-murdok-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg