Познати личности за кои јавноста верува дека се масони

Дејвид Рокфелер Јуниор

82-годишниот Дејвид Рокфелер Јуниор е познато име во бизнисот и филантропијата. Тој во една изјава вели дека бил воспитан на речиси штедлив начин, па и покрај огромното богатство кое го поседувале, уште од мали нозе бил учен за доблестите на добротворството. Дејвид Џуниор во 2017 година наследи имот од 11 милијарди долари од својот покоен татко.

Во една книга од 1975 година, конгресменот Лоренс Патон Мекдоналд, од Џорџија, зборувал за наводниот план на семејството Рокфелер да го контролира светот, што засили многу гласини за нивното влијание и ги разгоре шпекулациите за масонството.

poznati-lichnosti-za-koi-javnosta-veruva-deka-se-masoni-07.jpg

Ријана

Ријана е поп-ѕвезда која голем успех и слава достигна откако нејзиниот деби албум, Music Of Sun, беше објавен во 2005 година. Денес, Ријана има богатство кое се проценува на околу 1,4 милијарди долари.

Таа е број 21 на рангирањето од Форбс за „Најбогатите жени во Америка“.

Песните и спотовите на Ријана се полни со мистериозни симболи, вклучително и пентаграмот и окото на Хорус, кои поттикнаа гласини за наводни врски со окултизмот.

poznati-lichnosti-za-koi-javnosta-veruva-deka-se-masoni-08.jpg

Џеј Зи

Овој хип-хоп милијардер има богатство од 2,5 милијарди долари, а своите пари ги заработува преку музика, линии на облека и бизниси со алкохол.

Својот прв милион го заработи во 1999 година, а музичките видеа и стихови на Џеј Зи се преполни со криптична симболика.

Во 2014 година, авторот Гари Маргроув објави книга во која се наведува дека Џеј Зи е вмешан во масоните, а слични гласини се проширија низ безброј видеа и на Јутјуб.

poznati-lichnosti-za-koi-javnosta-veruva-deka-se-masoni-09.jpg

Шон Комбс

Шон Комбс, познат како Пи Диди, е еден од најуспешните американски рапери, со богатство од околу 1 милијарда долари. Диди влезе во центарот на вниманието на почетокот на 1990-тите, со објавувањето на песната „Mo Money, Mo Problems“.

За него се шпекулира дека е масон и член на Илуминатите, делумно поради неговото богатство и моќ.

poznati-lichnosti-za-koi-javnosta-veruva-deka-se-masoni-10.jpg

Аријана де Ротшилд

Аријана е вдовица на Бенџамин де Ротшилд, банкар кој му остави на семејството империја од 5 милијарди долари, кога почина во 2021 година. Богатството на Аријана се проценува на околу 1,15 милијарди долари.

Таа е професионален банкар и извршен директор на групацијата Едмонд де Ротшилд. Со Бенџамин се запознале во 1993 година, а се венчале шест години подоцна.

Како и сите други Ротшилдови на оваа листа, се вели дека е масон поради поврзаноста на нејзиното семејство со глобалните финансии.

poznati-lichnosti-za-koi-javnosta-veruva-deka-se-masoni-11.jpg

М. Ѓ | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Го споредуваа со Џорџ Клуни, 30 години е вљубен во сопругата – Каде е и што прави денес Марко од сер... Бил познат фудбалер, но заради повредата се откажал од спортот и почнал да се за...
Најомразениот холивудски актер: Две негови девојки си го одзеле животот, бил ужасна личност Поради неговото однесување никој не му отишол на погреб и никој не сакал да ги к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg