„Ги купува децата како чевли, не знае да менува пелени“ – Секојпат кога Парис Хилтон беше критикувана како мајка

Му ја крие главата на бебето и го носи како аксесоар

По големиот број зајадливи коментари и критики, Парис не престана да споделува фотографии од синот, но забележително беше дека бебето постојано е облечено во костими или на главата носи капа.

Покрај постојаните зајадливи прашања зошто му ја крие главата на бебето, стигнаа и други критики, кои гласеа:

„Детето не е аксесоар, зошто на секоја фотка изгледа како моден додаток?“

gi-kupuva-decata-kako-chevli-ne-znae-kako-da-menuva-peleni-sekojpat-koga-paris-hilton-beshe-kritikuvana-kako-majka-07.jpg

Објавува премногу фотки од синот

Познатиот радио водител Хауард Стерн јавно ја критикуваше Парис дека објавува премногу фотографии од синот и дека сама си е виновна за големиот број критики упатени до неговиот изглед.

„Ако продолжиш да објавуваш фотки од твоето дете онлајн, немој да се жалиш ако луѓето ти се постмеваат. Постои причина зошто луѓето ги чуваат работите во приватност“ – ѝ порача на Парис и нагласи дека споделувањето фотки не е безбедно затоа што на тој начин може да наидете на киднапери и демначи.

Според него, децата на славните треба самите да одлучат дали сакаат да водат јавен живот или не и дека не е во ред кога родителите одлучуваат од најмали нозе да им го одземат правото на приватност.

gi-kupuva-decata-kako-chevli-ne-znae-kako-da-menuva-peleni-sekojpat-koga-paris-hilton-beshe-kritikuvana-kako-majka-08.jpg

Не објавува фотки од ќерката

Парис Хилтон во минатото кажа дека најголема желба ѝ е да има ќерка, а овој пат на Денот на благодарноста таа желба ѝ се исполни. Убавите вести ги сподели со фотографија од бебешка облека на која стои името на девојчето – „Лондон“.

Но, тоа се единствените информации што Парис ги сподели за ќерката, а не сакаше ниту да каже како ја добила.

Многумина претпоставуваат дека и ќерката, како и синот, ја добила со помош на сурогат мајка, а на социјалните мрежи покрај големиот број честитки, имаше и коментар дека ги „купува децата како чевли“.

Парис даде ексклузивно интервју и рече дека за ќерката не знаел никој и дека членовите на нејзиното семејство биле изненадени кога на вечерата ја покажала ќерката.

gi-kupuva-decata-kako-chevli-ne-znae-kako-da-menuva-peleni-sekojpat-koga-paris-hilton-beshe-kritikuvana-kako-majka-09.jpg

Прочитајте и „Професорите нѐ будеа во 4 наутро за да нѐ силуваат“ - Парис Хилтон со нови детали за животот во поправен дом

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Крвта не е вода: Ќерката на Хајди Клум на 19 години е совршенство на плажа - во танга бикини, без гр... Синооката убавица е совршена на модните писти и во едиторијалите, но и во природ...
Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Парис Хилтон се пофали дека вторпат стана мајка, 11 месеци откако откри дека со сурогат добила син Една година откако откри дека се бори со неплодност и дека доби син со сурогат, ...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg