Бившата девојка ја запознал кога имала 10 години – Мрачните тајни на Леонардо ди Каприо

Нудел состаноци со сексуални престапници

Леонардо беше меѓу првите што го обвини Харви Вајнштајн, откако филмскиот продуцент беше обвинет за силување.

Подоцна се дозна дека Лео во минатото воопшто не бил во лоши односи со Вајнштајн и дека неговата фондација организирала аукции за него и за Кевин Спејси, кој исто така беше обвинет за сексуални злоупотреби.

Во рамки на аукциите, девојките што ќе даделе најголеми понуди имале можност да одат на вечера со некој од споменатите престапници.

bivshata-devojka-ja-zapoznal-koga-imala-10-godini-mrachnite-tajni-na-leonardo-di-kaprio-11.jpg.jpg

Финансиски скандали во Малезија

Неговата фондација беше обвинета за затајување данок.

Наводно, актерот добил 3 милијарди долари од сомнителен малезиски штеден фонд познат како 1MBD.

bivshata-devojka-ja-zapoznal-koga-imala-10-godini-mrachnite-tajni-na-leonardo-di-kaprio-09.jpg

Колегите сметаат дека е неподнослив

Во 2014-та протекоа голем број мејлови од поранешниот претседател на Sony, Ејми Паскал, во кој беа откриени детали за голем број актери.

Тогаш се дозна дека Лео воопшто не е омилена личност меѓу извршните директори на компанијата и се смета за неподнослив.

bivshata-devojka-ja-zapoznal-koga-imala-10-godini-mrachnite-tajni-na-leonardo-di-kaprio-10.jpg

Неговиот полубрат се жали дека никогаш не добил помош од славниот актер

Малкумина знаат дека Лео пораснал со неговиот полубрат Адам Фарар, кој има проблематично минато и голем број обвинувања зад себе.

Во едно интервју Фарар рече дека кога биле помлади, Лео редовно го канел на забавите каде имало жени и бесплатни дроги, по што тој уште повеќе навлегол во мрачниот свет на зависностите.

„По ова почна да се дружи со луѓе на кои им пречев. Тој е најголема ѕвезда во светот, а јас сум зависник од дроги. Затоа полека ме отфрли од неговиот свет“ – рече Фарар.

Тој надополни дека Лео не сакал да му помогне ниту со финансиските долгови во кои се нашол и дека сака да го спаси светот, но не и својот брат.

bivshata-devojka-ja-zapoznal-koga-imala-10-godini-mrachnite-tajni-na-leonardo-di-kaprio-04.jpg

Неговите вработени добиваат прецизен договор за молчење

Во медиумите беше објавен дел од договорот што вработените на Лео го потпишуваат пред да започнат да работат за него. Правилата предвидуваат дека никој не смее да каже дека воопшто го познава актерот или знае нешто за неговиот бизнис.

Тие не смеат никогаш да споделат какви било информации за актерот кои може да бидат со експлицитна, навредлива, сексуална или непристојна природа.

bivshata-devojka-ja-zapoznal-koga-imala-10-godini-mrachnite-tajni-na-leonardo-di-kaprio-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Му беше девојка на Дражен Петровиќ, го одведе во смрт пред 30 години – Која е Клара Саланци, жената ... На денот на страшната несреќа пред 30 години, Клара Саланци го зела Дражен Петро...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg