Барањата на ѕвездите
- Детали
- сабота, 25 април 2009
Знаеме дека секогаш тие се посебни, а имаат и навистина чудни барања во поглед на храна, сместување, облека... Среќа што ние немаме вакви...
...ѕвезди за гости затоа што којзнае дали ќе може да им ги задоволиме барањата.
Бијонсе - Таа секогаш бара свежо печена кокошка, зелен грав и спанаќ да ја чекаат во соблекувалната пред настапите. Сите мораат да бидат многу зачинети со лук и црн бибер.
Мадона - Една од најспецифичните во поглед на вкусот. Бара 8 огледала од горе до долу да бидат наместени во соблекувалната. Исто така често на листата и се наоѓа и јаже за бегање, 12 кила јагоди и спреј од ванила за освежување на воздухот.
Џенет Џексон - Бара тазе мраз во нејзините пијалоци, поради искуството со мраз кој мирисал на риба. Таа сака соблекувалната да и биде полна со бели цвеќиња,
Пи Диди - Има побарано најмалку 600 000 вреден Кругман шампањ за него и неговите 200 гости. Сака возач кој ќе го развозува во Masеrati Quattroporte, Ферари, Ролс Ројс и Мерцедес Мајбах.
Принц - Не го носи овој прекар залудно. Тој очекува кралски третман кога се зборува за патување. М&М машина е задолжителна. Тој очекува сите работи во гардеробата да бидат прекриени со пластика сè додека тој не ги открие.
Џеј Ло - За време на снимање на еден спот побарала апартманот цел да биде со бел мебел, вклучувајќи и декорација од бели цветови и свеќи. CD плеер со најновите R&B, хип хоп и салса хитови и исклучиво спие на eгипетска памучна постелнина.
Кристина Агилера - Вистински чоколадни колачиња, млеко од соја, ехинацеа, витамин Ц и Флинстонс витамини за џвакање, се основните барања на пејачката која очигледно се грижи пред сè за своето здравје.