“Не сакам кокаинска диета”
- Детали
- недела, 26 април 2009
Ѕвездата на реалното шоу "The Osbournes" - Кели Озборн, неодамна изјавила како таа нема намера да зема кокаин за да постигне одлична линија...
... на телото. Оваа популарна 24-годишна тв ѕвезда, била испровоцирана од натписите во женските магазини каде најмногу е критикувана нејзината линија.
Само поради овие натписи Кели Озборн изјавила дека повеќе не ги купува и чита овие магазини.
“Јас не сум како останатите холивудски ѕвезди, кои шмркаат кокаин само за да ја задржат својата линија”, налутено изјавила Озборн која во минатото имаше сериозни проблеми со дрогата.
Што се однесува до нејзината линија, таа се обратила на медиумите и јасно се проискажала дека едноставно може, но не сака да има одлична линија: “Да сакав, ќе бев слаба, но јас не го сакам тоа. Сакам да јадам и не сакам да бидам на никакви дроги!”.