Маж на насловна на Плејбој
- Детали
- четврток, 19 февруари 2009
По Џери Сејнфилд, Бурт Рејнолдс, Стив Мартин, Питер Селерс, и глумецот Сет Роџен ќе ја има честа да се најде на насловната страница на најпознатиот магазин...
... Плејбој, заедно со топ моделот Hope Dwoeaczyk.
Актерот Роџен ќе биде 9тиот маж кој се појавува на ова престижно списание. Ѕвездата на филмскиот хит ''Knocked Up'' ќе се појави на изданието за месец март.
Неодамна, бившата Плејбој зајачица Сара Џин Андервуд коментираше за животот во куќата на Хју Хефнер кога изјави дека животот таму е навистина строг.
Имено, девојките мора да се вратат во куќата најдоцна до 21часот. Но, и покрај овој критериум, се чини дека најголемиот сон за некои девојки сеуште останува да бидат дел од Плејбој друштвото.