Режисерот на „Титаник“ со часови бил заробен на дното на океанот - Сите инциденти со подморници околу остатоците на „Титаник“

kako-da-plovite-vo-mashina-za-sadovi-site-incidenti-so-podmornici-okolu-ostatocite-na-titanik-08.jpg

Работењето за време на силните морски струи, направило батеријата на подморницата да се потроши предвреме, заради што останале целосно останале без струја.

Додека биле оддалечени само околу 25 метри од морското дно, тие веднаш одлучиле да го откажат пловењето, но подморницата не можела да се крене. Со секој обид за искачување, завршувале на морското дно.

Камерон раскажува дека седеле околу половина час во целосен мрак и во огромен студ за да ја одморат батеријата и да се обидат повторно, но кога се искачиле на само 25 метри од морското дно, повторно морските струи ги вратиле назад.

Тие не знаеле дека се фатени од силните морски струи што ги влечат надолу, а се предизвикани од остатоците на „Титаник“. Среќната околност била што со секој нов обид за искачување, морската струја ги туркала на морското дно, но малку подалеку од остатоците на потонатиот брод.

Така, за среќа на третиот обид успеале да ја поминат бариерата од 25 метри над морското дно и поминале 5 часа во искачување до површината.

kako-da-plovite-vo-mashina-za-sadovi-site-incidenti-so-podmornici-okolu-ostatocite-na-titanik-07.jpg

Првиот новинар што го посетил „Титаник“

Мајкл Џулиен има огромен страв од вода, но тоа не го спречило да ги посети остатоците на „Титаник“ во 2000-та година и да стане првиот новинар што некогаш го направил тоа.

Додека поминувале покрај остатоците на „Титаник“ Џулиен забележал дека подморницата почнува да забрзува и биле носени од силните морски струи.

kako-da-plovite-vo-mashina-za-sadovi-site-incidenti-so-podmornici-okolu-ostatocite-na-titanik-05.jpg

„Само една секунда потоа, удривме во пропелерот на „Титаник“. Почувствував потрес, а парчиња, црвенкаст, зарѓан метал се гледаа на прозорецот од каде го набљудувавме бродот“ – раскажува Џулиен.

Контролорот на подморницата околу 1 час се обидувал да се ослободи за на крај да успеат и да испливаат на површината.

kako-da-plovite-vo-mashina-za-sadovi-site-incidenti-so-podmornici-okolu-ostatocite-na-titanik-06.jpg

Како во машина за миење садови

Меѓу починатите на „Титан“ е и францускиот нуркач Пол Анри Наржоле кој 37 пати се спуштил до морското дно за да го види „Титаник“.

„Од моето 11-годишно искуство од пловење до Титаник, можам да ви потврдам дека морското дно околу него не е мирно место. Честопати се чувствувате како да сте во машина за миење садови“ – изјави тој во една пригода.

Морските струи, недостатокот на топлина и сончева светлина, рѓосаниот метал на бродот и големиот број кабли околу него се опасни и затоа пловењето до остатоците никогаш не е едноставна и безопасна работа.

kako-da-plovite-vo-mashina-za-sadovi-site-incidenti-so-podmornici-okolu-ostatocite-na-titanik-09.jpg

Прочитајте и Кои се тројцата милијардери кои требало да бидат дел од последното патување со подморницата „Титан“, но откажале во последен миг?

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Само видов дека ногата ми е во нејзината уста“ – Сурфер (21) раскажува како преживеал напад од ајку... „Додека паѓав наназад, видов дека мојата нога е во нејзината уста, па потоа ме п...
Случајот кој го следи цел свет: Сите детали за исчезнатата подморница со милијардери туристи, што по... Се смета дека ако петте лица што се заробени во малата подморница „Титан“ бидат ...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Јадел жива риба и пиел само дождовница – Детали за Австралиецот кој успеа да преживее 2 месеци на от... „Сега само имам потреба да одморам и да јадам нешто затоа што бев долго време на...
Во Саудиска Арабија се прави град во форма на линија, долг 170km – Зошто некои го критикуваат проект... Досега веројатно сте слушнале за надреалниот град кој се прави во Саудиска Араби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg