Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија

Алина, мајката на Ема, не се противела на идејата нејзината 10-годишна ќерка да се омажи, иако мала.

„Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но Ема отсекогаш сакаше да биде сопруга и да има 3 деца.

Знаев дека мора да ѝ ја исполнам желбата кога докторите кажаа дека нема надеж. Беше тоа убав ден за сите нас.

Наша пријателка ги венча, најдобрата другарка ѝ беше старосватица, прочитавме делови од Библијата. Таа беше среќна“, вели мајката на Ема.

momche-10-se-ozheni-so-svojata-detska-ljubov-12-dena-pred-taa-da-pochine-od-leukemija-12.jpg

Таа раскажала дека на венчавката дошле нејзините лекари, учители, соученици, роднини, пријатели.

„Имаше големи болки кога го облекуваше фустанот. Тоа ја исцрпи, но таа сакаше да издржи и да не пие апчиња за болки, за да не заспие среде венчавка.

А Ди Џеј, тој е најмилото момче што постои. Има златно срце и навистина ја сакаше Ема“, вели мајката.

momche-10-se-ozheni-so-svojata-detska-ljubov-12-dena-pred-taa-da-pochine-od-leukemija-09.jpg

Алина и Арон денес се среќни што успеале да ѝ ја исполнат најголемата желба на ќерка си.

„Си велам, сигурно јас и Арон имаме убав брак, кој на Ема и делувал забавно, штом тоа ѝ беше најголемата животна желба“, рекла мајката.

momche-10-se-ozheni-so-svojata-detska-ljubov-12-dena-pred-taa-da-pochine-od-leukemija-10.jpg

Ема, за жал, почина на 11 јули 2023, но среќна што и се исполни најголемата желба.

momche-10-se-ozheni-so-svojata-detska-ljubov-12-dena-pred-taa-da-pochine-od-leukemija-07.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
Маж со церебрална парализа бил „затвореник“ во својот дом: „Сопругата и нејзиниот љубовник не ми дав... „Поминав четири години во кревет, ме хранеа само колку да преживеам“, открива па...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg