Кафуле за кучиња
- Детали
- среда, 29 април 2009
Наместо од стаклени чаши, кучињата пијат “пиво“ од садови кои не `рѓосуваат, а наместо кикирики или чипс, лаат за да добијат кобасица.
Германката Петра Бетнер (34) има инвазија од животни во кафулето за кучиња во Хановер кое го отворила за да се социјализираат кучињата. Неколку сопственици на кучиња биле веднаш воодушевени од идејата, па заедно со своите миленичиња станале редовни гости.
"Зошто само луѓето да одат на пиво? И животните мораат да се дружат." вели еден гости во кафулето.
На ниска кружна маса се послужува “пиво“, но само за 4-ножните миленичиња. Иако изгледа како да е вистинско пиво, сепак се работи за вода со вкус на месо која не содржи алкохол.
Териерката Паулин (10) се навлекла на оваа течност
"Сега морам да кријам залихи по дома." вели нејзината сопственичка.
Шише од 0,33 литри “пиво Белло“ чини околу 150 денари.