Породување со YouTube
- Детали
- понеделник, 04 мај 2009
Марк Стивенс од Велика Британија ја породил жена си откако гледал инструкции за пораѓање на YouTube. Тој разгледувал најразлични совети кога...
...неговата жена добила болки. Четири часа подоцна започнала да се пораѓа пред да пристигне амбулантата во нивниот дом.
“Гуглав како треба да породите бебе, изгледав неколку видеа и едноставно се фрлив на работа“- вели Марк.
“Се разбудив и забележав дека имам конракции на секој 5 минути. Го разбудив и Марк и викнавме еден негов пријател да ни помогне, но тој не беше во можност да дојде и затоа повикавме брза помош. Но, додека да пристигнат веќе се беше започнато“ - вели г-ѓа Стивенс.
“Откако ги изгледав видео клиповите психички бев помирен. Помислив дека јас не би можел да го изведам тоа, но сепак излезе поедноставно отколку што мислев“- вели тој.
Иако ова е нивно четврто дете, овој пар сака да има уште деца.