Впуштете се во афера!
- Детали
- среда, 06 мај 2009
Агенцијата “Ешли Медисон“ за спојување на парови не ја почувствувала глобалната криза. Напротив, работата им цвета затоа што прељубата е...
...далеку поефтина од разводот.
Тие излегле на пазарот со слоганот “Животот е краток! Впуштете се во афера!“ Бројот на членови во изминатите 12 месеци пораснал од 1 на 3,6 милиони. Се очекува уште поголем пораст откако ќе ја започнат и услугата со која корисниците ќе можат да добијат пристап на интернет стрраницата од мобилен телефон. Иновацијата е наменета за они кои не сакаат да остават докази во канцеларијата.
Директорот на агенцијата вели дека многу парови се откажале од разводот заради економската криза и наместо да се впуштаат и да ангажираат скапи адвокати, поедноставно им е да се впуштат во афера.
“Не само што сме отпорни на кризата туку и растеме уште повеќе“. Агенцијата ги привлекла гледачите со реклама на која една жена вечера со досаден маж. “Замислете ова да трае до крајот на животот“ вели глас на крајот на рекламата.