Дупла свадба на близнаци
- Детали
- четврток, 07 мај 2009
Идентични кинески близнаци се ожениле за идентични близначки на заедничка венчавка. Среќните парови од градот Бинхаија толку многу личат што...
...дури ни нивните родители не ги разликуваат.
Кинезот Јанг Канг (23) се запознал и заљубил во една 6д сестрите на работа. Неговиот брат Јанг Џиан пак се запознал со другата сестра на нивната вереничка забава. “Родителите беа воодушевени кога слушнаа за нас. Многу се среќни“- вели една од близначките.
На свадбата сестрите имале различни фустани, а браќата се разликувале по фризурите, со цел барем таа вечер да не се помешаат.
“Пред да разговараме, бараме да ни се претстават за да знаеме со кого разговараме“- вели таткото на близначките. Дедото не се ни труди да ги разликува. Само им одговара со насмевка.