Тажна реалност - на улица ве ценат по облеката (видео)
- Детали
- среда, 14 мај 2014
Навидум секој човечки живот е еднакво значаен, но општествените и меѓучовечките реакции покажуваат нешто поинакво. За тоа колку вреди еден човечки живот покажува социјалниот експеримент кој бил направен во Франција.

Според него, се забележува дека самите луѓе меѓусебно се ценат и си помагаат според облеката, односно статусот.
Едно исто момче поминува низ центарот на градот, каде има многу луѓе, облечено во стара, широка облека, се закашлува и паѓа на земја барајќи помош. Неколкумина се завртуваат, го погледнуваат, но никој не му се приближува да му помогне. Го оставаат така, по цена и да умре, додека самиот не стане.
Истото тоа момче следниот ден, облечено во црн елегантен костум, поминува на истото место и ја прави истата ситуација кога паѓа на земја и бара помош. Во истиот момент притрчуваат неколкумина кои веднаш се трудат на секој можен начин да му помогнат.
Истиот човек, истото, момче, истата ситуациа. Различна е само облеката, а со тоа и реакцијата на околината.
Зарем толку вреди еден човечки живот, колку едно парче облека?
Видео кое ќе ве замисли, засрами и загрижи: